Народниот правобранител во медиумите-2

Омбудсманот во медиумите: Селективен новинарски интерес (2 дел)

на дек 15, 17 • од

Најголем интерес за работата на Омбудсманот покажуваат порталите, па потоа телевизиите. Медиумите блиски до поранешната власт односно до ВМРО-ДПМНЕ, многу малку или речиси воопште не информираат за Народниот правобранител...
Pin It

Home » Активности, Мониторинг на Медиуми » Омбудсманот во медиумите: Селективен новинарски интерес (2 дел)

НВО Инфоцентарот, во соработка со Хелсиншкиот комитет за човекови права, во рамки на проектот „Граѓанско набљудување на Народниот правобранител“, поддржан од Амбасадата на Соединетите Американски Држави (САД), во периодот од 1 мај до 20 ноември 2017 година, го набљудуваше известувањето на медиумите за работата на Народниот правобранител (НП).

Во овој период на мониторинг беа набљудувани 15 медиуми: телевизиите 24 Вести, Телма, Сител, МРТ1, Канал 5, Алфа, Алсат М (нивните централни информативни емисии); интернет страницата на ТВ21; порталите А1.он, Плусинфо, НоваТВ, Република и Курир и електронските изданија на дневните весници Слободен печат и Вечер.

Предмет на квалитативно-квантитативна анализа се новинарските прилози и текстови посветени на Народниот правобранител и неговата работа. Содржината на објавените материјали се анализира, пред сѐ од аспект на темата, новинарскиот пристап и тонот на известување

Во овој период беа објавени вкупно 236 новинарски прилози или во просек 33 написи месечно. Најголемиот дел од содржините – 45% беа објавени на порталите, додека во централните вести на телевизиите беа емитувани 33,5%. Во интернет изданијата на весниците и телевизиите (ТВ21) беа објавени 21,5% од вкупниот број содржини.

Објавени содржини според видот на медиумот (%)

Untitled 1

Најмногу прилози објавиле порталите А1он (18%), Плусинфо (14%) и НоваТВ (9,5%), како и интернет изданието на ТВ21 (10,5)%. Најмалку содржини за Народниот правобранител, пак, објавиле порталите Курир (1%) и Република (3%)
Што се однесува до телевизиите, најмногу прилози објавиле Телма (7,5%), 24 Вести (6,5 %) и Канал 5 (5,5%). Јавниот радиодифузен сервис (МРТ), пак, во вестите на првиот канал, објавил само 4,5% од вкупниот број анализирани содржини.

Објавени содржини по медиум (%)

Untitled 2

Квантитативниот пресек покажува дека најголем интерес за работата на Народниот правобранител покажуваат порталите, па потоа телевизиите. Медиумите блиски до поранешната власт односно до ВМРО-ДПМНЕ, многу малку или речиси воопште не информираат за Народниот правобранител. Единствен ислучок претставува телевизијата Канал 5. Што се однесува до Македонската радиотелевизија, таа очигледно не ја остварува својата улога на јавен сервис на граѓаните и покажува неоправдано мал интерес за значењето и улогата на Омбудсманот.

Во набљудуваниот период, доминираа информации за активностите на Народниот правобранител поврзани со: правата на децата, правата на бегалците и третманот што го имаат во Македонија, слободата на изразување и верските слободи, состојбите во затворите, локалните избори, како и односот на Народниот правобранител со Собранието и Владата.
Медиумите претежно пренесуваа изјави и соопштенија на Народниот правобранител, како и на други засегнати страни. Во известувањето на новинарите имаше многу малку аналитички и истражувачки пристап. Тонот на прилозите е претежно неутрален, а во само неколку прилози е забележан и манипулативен приод.

На пример, на 19 септември 2017, по повод реакцијата на Народниот правобранител за кршење на слободата на вероисповед и слобода на изразување на религијата во основно училиште во Охрид, порталот Република објави напис со наслов: „Народниот правобранител не смета дека девојчињата на училиште не смеат да одат забулени“. И покрај тоа што во текстот непристрасно се пренесува ставот на Народниот правобранител, тонот на насловот и употребата на зборот „забулени“ наместо „шамија“ е манипулативен и сугерира дека реакцијата на Омбудсманот е погрешна и дека не е во согласност со Уставот и законите.

 

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top