ChallengingBorders-01

#НадминувањеГраници: Младите од Македонија ќе се запознаваат со младите од Албанија и Србија

на фев 29, 20 • од

Деведесeтина средношколци и десетина млади активисти беа запознаени со можноста да патуваат, да се запознаат, да се дружат со свои врсници во Србија и во Албанија, и на таков начин да ги надминат постојните национални и културни граници, но и да ги надминат предрасудите и стереотипите едни за други...
Pin It

Home » Активности » #НадминувањеГраници: Младите од Македонија ќе се запознаваат со младите од Албанија и Србија

ChallengingBorders-01

НВО Инфоцентарот, на 27 и 28 февруари организираше три информативни сесии за младите од две средни училишта во Тетово – „Кирил Пејчиновиќ“, „Никола Штејн“ и од гимназијата „Кочо Рацин“ во Велес. Една иформативна сесија беше организирана за млади активисти од Велес. Деведесeтина средношколци и десетина млади актвисти беа запознаени со можноста да патуваат, да се запознаат, да се дружат со свои врсници во Србија и во Албанија, и на таков начин да ги надминат постојните национални и културни граници, но и да ги надминат предрасудите и стереотипите едни за други.

Убедени дека меѓукултурното учење и дијалог се во сржта на напорите за намалување на предрасудите, НВО Инфоцентарот, Младинскиот центар Влора од Албанија и Тимок Клуб, од Књажевац, Србија, го креираа и започнаа со реализациј на проектот „#Challenging Borders“ (#НадминувањеГраници), кој е поддржан од вториот отворен повик за предлог проекти на Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) и кофинансиран од Фондот за изградба на мирот на Обединетите Нации.

Подготвен е комплет активности за јакнење на мобилноста на младите луѓе во Западен Балкан и нивно приближување, преку разбирање и постигнување соработка, инспирација и решавање проблеми во насока на изградба на подобра иднина за регионот во целина. Проектот ќе го водат млади луѓе кои ќе добијат обука во областа на меѓукултурниот дијалог и промоција на дијалогот меѓу регионите во Западен Балкан.

Информативните настани беа организирани во соработка со училиштата и граѓанските организации ЦЕД од Теaрце и Активо од Велес.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top