IMG-c3b129b7f40da78639ab12e606f20038-V

#НадминувањеГраници: Онлајн камп за млади од Македонија, Србија и Албанија

на окт 30, 20 • од

From 19 to 23 October 2020, the NGO Info-centre, Vlora Youth Center and Timocki Club organized online camp for 33 young people from five cities in Macedonia, Albania and Serbia...
Pin It

Home » Активности, Важни » #НадминувањеГраници: Онлајн камп за млади од Македонија, Србија и Албанија

Од 19 до 23 октомври 2020 година, НВО Инфоцентарот, Младинскиот центар од Влора и Тимочки клуб од Књажевац, организираа онлајн камп за 33 млади од пет градови во Македонија, Албанија и Србија.

Средношколците и студентите вклучени во кампот имаа можност виртуелно да се запознаат со своите врсници од овие држави и заеднички да учат за вредностите на интеркултурализмот.

Од Македонија, на кампот учествуваа десет младинци од Тетово и Велес. Тие со своите нови пријатели од Албанија и Србија, до крајот на ноември 2020, ќе продолжат меѓусебно да комуницираат, да соработуваат и да креираат мултимедијални содржини кои потоа, ќе ги споделат со своите врсници во заедниците во кои живеат, но и пошироко.

Сите овие активности се реализираат во рамки на проектот #НадминувањеГраници/ #ChallengingBorders, финансиски поддржан од РИКО и УНПБФ.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top