naslovna

Мониторинг на медиумите (април 2021): Вакцинацијата доминантна тема во медиумите

на мај 20, 21 • од

Во просек, дневно беа објавувани над 400-тини новинарски текстови и оваа бројка недвосмислено покажува дека вакцинацијата е тема од најголем јавен интерес за медиумите во државава...
Pin It

Home » Активности, Ковид Имунометар, Мониторинг на Медиуми » Мониторинг на медиумите (април 2021): Вакцинацијата доминантна тема во медиумите

НВО Инфоцентарот, во рамки на проектот „Информации засновани на факти и транспарентност за успешна Ковид-19 имунизација“,спроведува мониторинг на известувањето на медиумите за процесот на вакцинација. Овој прв извештај го опфаќа периодот од 1 до 30 април, но заради потребите на споредбената анализа содржи и статистика за периодот од 1 јануари до 30 април, годинава.

Клучни наоди:

  • Ковид-19 вакцинацијата, во текот на април, беше доминантна тема во македонските медиуми.
  • На најголемиот агрегатор на вести во земјава (time.mk) имаше вкупно 12.797 вести поврзани со имунизацијата односно 26% од вкупниот број прилози посветени на вакцинацијата од почетокот на годинава.
  • Во просек, дневно беа објавувани над 400-тини новинарски текстови и оваа бројка недвосмислено покажува дека вакцинацијата е тема од најголем јавен интерес за медиумите во државава.
  • Забележително е дека многу ретко има анализи или продлабочени истражувања на темата вакцинација односно имунизација.

Monitoring na mediumi [ Infographic 01-04_2021 ] (1)

  • Во новинарските прилози главен акцент беше ставен на вакцинацијата на населението во земјава, на набавката на вакцини.
  • Медиумите известуваа и за реакциите на определени групи граѓани кои не се предвидени како приоритетни за вакцинација (на пример, наставниците, лицата со посебни потреби и др.).
  • Главни извори на информации се Министерството за здравство и Министерот за здравство. Само во текот на април, министерот Венко Филипче беше застапен во 4.159 прилози односно  35% од вкупниот број содржини во првите четири месеци од годинава, во кои е регистрирано неговото присуство.
  • Медиумите ги пренесуваа и критиките на опозицијата насочени кон власта.  Опозицијата ја критикуваше Владата за доцнењето на вакцините, а ја обвинуваше и за корупција при набавките на вакцините.
  • На агрегаторот time.mk, во текот на април, беа регистрирани 97 содржини поврзани со антиваксерите односно 64% од вкупниот број прилози од почетокот на 2021 кои се однесуваат на противниците на вакцинирањето.

Набљудувањето и анализата на медиумското известување за Ковид-19 имунизацијата се реализира преку агрегаторот на вести – Time.mk, кој опфаќа вкупно 125 медиуми- вести (63), портали (48) и спортски медиуми (14) и тоа, со пребарување според клучни зборови – „вакцинација“, „Филипче“ и „антиваксери“.

Основната цел на набљудувањето е да се утврди интензитетот, квалитетот и доминантните наративи во известувањето на медиумите за целокупниот процес на Ковид-19 вакцинацијата во државава.

Прочитајте го интегралниот текст на Извештајот.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top