македонија - бугарија

Македонија-Бугарија: Замрзнат конфликт?

на сеп 16, 13 • од

Медиумите, генерално, во информирањето (не)свесно применуваат техники со кои се зајакнуваат постојните стереотипи, се репродуцираат предрасудите и се стимулираат емоциите на публиката...
Pin It

Home » Мониторинг на Медиуми » Македонија-Бугарија: Замрзнат конфликт?

„Медиумското огледало“, од своите почетоци во 2005 година, па сѐ до денес, во неколку наврати го мониторираше информирањето на медиумите за односите на Македонија со соседите, особено со Грција и со Бугарија, главно во контекст на спорот за името и евроинтеграциите.

Извештајот „Во името на датумот“, кој го опфати информирањето на медиумите за евроинтеграциите во втората половина на 2012 година, покажа дека македонско-бугарските односи се предмет на интензивно известување, коментирање и анализа во македонскиот медиумски простор.  Тогаш беше утврдено дека медиумите интензивно известуваат и коментираат за македонско-бугарските односи и за можноста Бугарија да ја блокира Македонија во евроинтеграциите. Забележано беше дека во мнозинството медиумски содржини Бугарија е илустрирана во негативен контекст, при што медиумите правеа алузии за „бугарско-грчки сојуз“ кој од потпишувањето на Букурешкиот договор во 1913 година работи против Македонија.

Анализата на медиумите во периодот февруари – мај 2013 година покажува дека ваквиот начин на медиумско покривање на македонско-бугарските односи не е од краткотраен замав, туку дека станува збор за тренд, односно процес кој сѐ уште трае.

Општ заклучок од мониторингот е дека известувањето на македонските медиуми за односите на Македонија и Бугарија ја следи линијата на т.н. теорија на замрзнување на конфликтите. Оваа теорија ја употребуваат националистите кога сакаат определен конфликт да го илустрираат како одраз на античка, длабоко вкоренета омраза, при што целта е на тој конфликт да му се даде легитимитет преку затворање на можноста за дебата и дијалог. Секој неконфликтен период, според оваа теорија, има времен карактер, бидејќи конфликтот е само замрзнат, а не е решен. Клучно во целиот овој националистички дискурс е примордијалното поимање на идентитетот, нацијата и етникумот како неменливи и вечни категории. Оваа теорија, повеќето медиуми ја спроведуваат во дело преку употребата на низа реторички стратегии и механизми.

Прво, преку селективниот избор и начинот на прикажување на информациите кои им се сервираат на граѓаните, медиумите го репродуцираат конфликтниот дискурс. За илустрација, несразмерно поголемо внимание во медиумите им се посветува на радикалните изјави на бугарските националистички политичари и интелектуалци, отколку на нивните либерални сонародници како, на пример, Димитар Бечев и Антоанета Приматарова, кои за односите меѓу државите говорат со помирлив тон и со критики за двете страни. Целта на оваа стратегија е да се врамат само оние парчиња информации кои го потврдуваат доминантниот дискурс, кој вели дека државите и народите се инхерентно непријателски настроени едни спрема други.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top