cso_logo_first_page2

Компаративна студија на состојбите и потребите на граѓанските организации за искористување на ИПА фондовите, на локално ниво

на мај 31, 18 • од

Студијата дава компаративен преглед на состојбите, потребите и политиките кои влијаат врз искористувањето и програмирањето на ИПА фондовите, од страна на локалните граѓански организации во Скопје, Битола, Струмица и Тетово...
Pin It

Home » Анализи, Важни » Компаративна студија на состојбите и потребите на граѓанските организации за искористување на ИПА фондовите, на локално ниво

Oваа студија дава компаративен преглед на состојбите, потребите и политиките кои влијаат врз искористувањето и програмирањето на ИПА фондовите, од страна на локалните граѓански организации во Скопје, Битола, Струмица и Тетово. На овој документ му претходат четири аналитички извештаи за апсорпциските капацитети за ИПА фондовите,  на општините Битола, Тетово, Струмица и Град Скопје, вклучително и на граѓанските организации.

Четирите аналитички извештаи се изработени врз основа на унифицирана методологија за собирање податоци и анализа. Воедначениот методолошки пристап овозможи компаративна анализа на различните локални контексти, како и дефинирање препораки за унапредување на структурниот дијалог на локално ниво.

Оттаму, оваа компаративна студијата ги зема предвид локалните особености и состојби, и дава препораки за поголемо и поуспешно учество на ГО во програмите на ЕУ. Клучните наоди од студијава, исто така, претставуваат и основа врз која ќе се дизајнираат обуки „по мерка“ на локалните граѓански организации, а во насока на зајакнување на нивните капацитети.

Целосен текст на студијата: Компаративна студија на состојбите и потребите на граѓанските организации за искористување на ИПА фондовите, на локално ниво

Оваа студија е подготвена во рамки на проектот „Локален консултативен механизам ИПА2“, финансиран од Европската Унија.

 

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top