Како што објави на својата Фејсбук страна, новинарот Томислав Кежаровски со телеграма е повикан на информативен разговор во полицијата заради „вмешаност“ во бојадисувањето на зградата на Собранието за време на протестите на Шарената револуција.
Коментирајќи ја поканата, Кежаровски иронично напиша: „Со оваа пријава моево СИ-ВИ ќе биде комплетирано“.