Untitled 2

Јалова борба со криминалот и корупцијата

на дек 24, 19 • од

Во изминатите две децении евидентно е дека политичките гарнитури ги менуваат само позициите, но реториката останува иста. Кога се во опозиција критикуваат за корумпирано правосудство, криминална власт и заробени институции. Кога се на власт најавуваат одлучна борба против криминалот и сваровски судството и нулта корупција...
Pin It

Home » Активности, Анализи, Важни » Јалова борба со криминалот и корупцијата

Јавно обвинителство на Република Северна Македонија

Љубомир Јовески во обвинителството дојде пред две години и го наследи Марко Зврлевски. Актуелниот обвинител тврди дека досега на неговиот телефон немало повици од кабинети на функционери или бизнис кругови. Но, од друга страна искрен е дека резултатите од работата се далеку од очекуваните.

„Па мислам дека во изминативе две години обвинителството покажа напредок во делот на извршувањето на јавноовбинителската функција и од почетокот се залагав обвинителските одлуки да се носат во рамките на обвинителството и политиката да ги држи настрана рацете од обвинителството Но, ако барате сосема искреност во овој период обвинителството не може да покаже поголема ефкасност во поглед на работењето со оглед дека значително е намален бројот на обвинители и припадници на јавно обвинителската служба“ – вели за ИРЛ Јавниот обвинител Љубомир Јовески.

Во моментов во државава има 172 јавни обвинители, а потребни се 251. Со години во Крива Паланка нема обвинител, во Ресен има само еден, во скопското обвинителство недостасуваат повеќе обвинители, исто како и во Гостивар и Кичево.

Освен недостиг на кадар, обвинителството не може да се пофали и со финансиска независност. Во 2019 од буџетот добиле речиси 14 милиони евра, а следната година еден милион помалку, односно 12.941.723 евра.

„Овинителството не е финансиски независно со оглед дека буџетот го одобрува Министерството за финансии, Владата го утврдува и потоа на седница на Собранието. Секогаш нашите побарувања на буџетите биле значително смалени и мислам дека во наредниот период Обвинителството треба да работи повеќе и поупорно на неговата финансиска независност“ – рече Јовески.

И Јовески, исто како и Муареми и Ивановска, нема замерки на соработката меѓу институциите. Вели дека кога има основа постапуваат по наодите на ревизорските извештаи на Државниот ревизор, отвораат случаи врз основа на кривични пријави од Финансиската полиција или пак предмети од Антикорупциската комисија. Но, ако овој синџир функционира, тогаш зошто ниту еден функционер од првиот ешалон во власта не е во затвор, ниту пак останал без нелегално стекнатиот имот. Прашања на кои засега одговор треба да се бара во ветингот на судиите и обвинителите.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top