Untitled 2

Јалова борба со криминалот и корупцијата

на дек 24, 19 • од

Во изминатите две децении евидентно е дека политичките гарнитури ги менуваат само позициите, но реториката останува иста. Кога се во опозиција критикуваат за корумпирано правосудство, криминална власт и заробени институции. Кога се на власт најавуваат одлучна борба против криминалот и сваровски судството и нулта корупција...
Pin It

Home » Активности, Анализи, Важни » Јалова борба со криминалот и корупцијата

Управа за финансиска полиција

Арафат Муареми на чело на Финансиката полиција е од јули 2017 година и вели дека е задоволен од постигнатите резултати. Ако во 2017 со нивните истраги утврдиле штета на државниот буџет од 8.130.000 eвра, во 2018 со поднесени кривични пријави таа се зголемува на 48.780.000 евра, а годинава заклучно со октомври откриле финансиски криминал тежок 146.340.000 евра.

„За оваа година од вкупно поднесени над 40 кривични пријави до Јавното обвинителство, се отфрлени само 3 кривични пријави, што не е голема бројка. Тоа покажува дека резултатите од преземените предистражни дејствија од страна на Финансиската полиција даваат резултати и тие се прифатени од страна на Јавното обвинителство“ – изјави за ИРЛ Арафат Муареми – директор на Управата за финансиска полиција.

Во 2019 година буџетот на оваа институција беше 848 илјади евра, а во 2020 ќе биде 1 милион евра. Вели дека е доволен за да се покријат трошоците за да работат ефикасно.

„Пред неполн месец примивме нов кадар, луѓе со искуство во приватниот сектор и кои што сега влегуваат во државните институции. Тие многу подобро знаат однадвор како функционираат институциите и системот. Мојот став беше да примиме луѓе однадвор и да ги кажат своите искуства, како однадвор како функционира државниот систем“ – рече директорот на Финансиската полиција.

Но, колку финансиската независност гарантира професионална независност.

„Не можам да кажам дека немам притисоци. Но не како притисоци, туку заинтересираност за одредени предмети секогаш постоело и ќе постои. Но, доволно е да знаеш каков е начинот да ги дистанцираш тие личности за да не го попречуваат водењето на предистрагата. Тоа мислам дека со успешност го правиме, за да нема некои притисоци дека нешто ќе се стопира. Се што е стигнато во Управата е сработено и ќе се работи така и понатаму и ќе се достави до Јавното обвинителство за понатамошна постапка“ – изјави Муареми.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top