Untitled 2

Јалова борба со криминалот и корупцијата

на дек 24, 19 • од

Во изминатите две децении евидентно е дека политичките гарнитури ги менуваат само позициите, но реториката останува иста. Кога се во опозиција критикуваат за корумпирано правосудство, криминална власт и заробени институции. Кога се на власт најавуваат одлучна борба против криминалот и сваровски судството и нулта корупција...
Pin It

Home » Активности, Анализи, Важни » Јалова борба со криминалот и корупцијата

„Потребни се темелни реформи во македонското судство“ – јануари 2005

„Договор нема, разликите за судските реформи останаа“ – јули 2007

„Реформите во судството заглавени во политичките лавиринти“ – октомври 2007

„Груевски најави револуционерни судски реформи“ – јули 2010

„Судството во скут на власта“ – септември 2013

„Судски реформи без резултати“ – октомври 2013

„СДСМ најавува реизбор на судии, ВМРО-ДПМНЕ со апел судиите да не потклекнат на заканите“ – февруари 2017

„Заев – распуштање и реизбор на судството“- мај 2017

Ова се наслови во медиумите од пред 10, 15 години, но како да се денес напишани. Во изминатите две децении евидентно е дека политичките гарнитури ги менуваат само позициите, но реториката останува иста. Кога се во опозиција критикуваат за корумпирано правосудство, криминална власт и заробени институции. Кога се на власт најавуваат одлучна борба против криминалот и сваровски судството и нулта корупција.

„Ова мора да престане веднаш! Правосудството мораме да го прочистиме од нечесните судии и обвинители, за да можат чесните и професионалните, непречено да ја обезбедат правдата која ја чекаат граѓаните“ – ова е само една изјава од стотиците вакви кои ги кажа премиерот Зоран Заев откако дојде на власт.

Последниот извештај за напредокот на Република Северна Македонија во Европската Унија премиерот Заев го нарече најпозитивен со чиста, безусловна препорака за почеток на преговорите за членство. Во делот за правосудството и борбата со криминалот пишува дека е „постигнат одреден степен на напредок“. Но, ако однадвор со шминка се прават корекции на правната држава, одвнатре системот е трул и потребна е генералка односно вистински реформи.

„Токму оние судии и обвинители кои што работеа досега, а во меѓународните извештаи беше констатирано дека се работи за заробена држава, заробени инстиции, заробено правосудство, истите тие лица и во овој момент работат и судат. И затоа за нив е неопходно да се преиспита за дел од нив нивното назначување и именување на тие функции, за дел од нив нивното работење. Во секој случај неопходно е да се преземат мерки не само во поглед на унапредување и подобрување на регулативата, туку и на човечките ресурси во институциите“ – вели Натали Петровска од Коалицијата „Сите за правично судење“.

Првиот човек на Јавното обвинителство Љубомир Јовески е на став дека треба да има филтрација во овие институции, но клучното прашање е како и кој да го спроведе.

„Ветинг само заради ветинг не е потребно. Побитно е кој ќе го врши ветингот и дали при тоа ќе има политички влијанија. Ако се спроведува таква проверка тоа мора да биде од непристрасни експерти кои првенствено ќе имаат задача во делот на извршувањето на дотогашната работа, законите, интегритетот на луѓето кои ќе бидат подложни на проверка и само во тој контекст тие податоци би биле релевантни“. – изјави Јавниот обвинител Љубомир Јовески.

Јавниот обвинител Љубомир Јовески, претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска и директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми се првите луѓе на институциите кои имаат мандат да го гонат криминалот и корупцијата. Сите велат дека прават максимални резултати согласно условите во кои работат. А, условите се далеку од идеални. Низ годините во владата и институциите изготвени се стотици и стотици стратегии, кампањи, направени се комисии, оперативни тимови, но и натаму земјава е на 93 место според степенот на корупција, во друштво со Косово и Монголија.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top