Претставниците на Студентскиот пленум ја напуштија седницата на Ректоратот откако им го одзедоа зборот и им ги исклучија микрофоните кога се побунија против одлуката на Комисијата за верификација на Сенатот да ги верификува мандатите на десетте претставници на Студентскиот парламент при УКИМ (СПУКМ).
Студентскиот пленум спореше со ректорот Велимир Стојковски за оваа одлука на Комисијата.
Ректорот тврди дека законски нема надлежност да интервенира во изборите за студентиски претставници.
Под точка разно на седницата ќе се формира комисија која ќе ги преиспита проблемите, но откако ќе заврши изборот за ректор.
Во меѓувреме, новиот ректор на скопскиот универзитет, проф. Никола Јанкуловски беше избран со гласовите на нелегитимните претставници на Студентскиот пленум.