flu-shot-1719334_640

Фази и приорети на вакцинацијата во државава

на мар 15, 21 • од

Според Националниот план, во Фаза 1 приоритетни групи за вакцинација се здравствените работници во првата линија на одговор во болнички услови со висок и многу висок ризик за стекнување и пренесување на инфекција...
Pin It

Home » Важни, Ковид Имунометар » Фази и приорети на вакцинацијата во државава

На 21 декември 2020 година, Владата на Република Северна Македонија подготви документ кој претставува Национален план за COVID-19 вакцинација.

Документот беше изработен врз основа на постојните препораки и основните принципи на Светската здравствена организација (СЗО), Стратешка советодавна група на експерти (SAGE), Организација COVAX и регулаторни тела за EMA и FDA, како и релевантни национални институции и комисии во земјата.

Вакцинацијата е само една од повеќето превентивни мерки кои се користат во борба против ширењето на пандемијата и ќе одигра клучна улога во намалување на штетните ефекти врз здравјето на популацијата и општеството воопшто.

Националната техничка работната група за COVID-19 вакцинација (НТРГ) заедно со Институтот за јавно здравје и Стручната комисија за имунизација изработи приоритетна листа на ризични групи за вакцинација.

Кои граѓани први ќе се вакцинираат?

Фаза 1

Република Северна Македонија се наоѓа во првата фаза од процесот на вакцинација, кога има многу ограничена достапност на вакцини, односно расположливи количини на вакцини за 1 – 10% од вкупната популација. Според Националниот план, во Фаза 1 приоритетни групи за вакцинација се здравствените работници во првата линија на одговор во болнички услови со висок и многу висок ризик за стекнување и пренесување на инфекција (Ковид центри, брза помош, клинички и општи јавни и приватни болници, центри за рехабилитација, домови за стари лица, вработени во лаборатории за тестирање и Ковид 19 дијагностика). Во оваа фаза влегуваат и постари лица со висок ризик да развијат болест, компликации и смртен исход, лица постари од 70 години.

Фаза 2

Во втората фаза постои ограничена достапност на вакцини и расположливи количини на вакцини за 11–20% од вкупната популација. Фаза 2 ги опфаќа лицата на возраст од 65 години и постари со висок ризик да развијат болест. Потоа лица на возраст од 20 до 65 години со коморбидитети. Во оваа рамка се вклучени и здравствените работници со умерен ризик да стекнат и пренесат инфекација, како и вработени во образовни институции во кои наставата се одвива со физичко присуство, како и персоналот од детските градинки. Во Фаза 2 влегуваат и вработените во витални институции за нормално функционирање на општеството. Односно фармацевти, стоматолози, полиција, царина, пожарникари, судство, вработени во парламент, влада и армија.

Фаза 3

Во третата фаза има умерена достапност на вакцини или расположливи количини на вакцини за 21– 50% од вкупната популација. Во оваа фаза, кога е умерена достапноста на вакцини ќе почнат да се вакцинираат вработените во производство на храна, производство на лекови, јавен транспорт комунална хигиена и водоснабдување телекомуникации и електроснабдување погребни служби локална самоуправа. Понатаму,вработени во банкарски сектор, земјоделие,пошта, транспорт, работници во фабрики.

Фаза 3 ги опфаќа и останатите вработени во основното, средно и високо образование, затвореници, бездомни лица, мигранти. Како и здравствени работници со низок ризик и здрави лица на возраст од 30 до 64 години.

 

„Прилогот е подготвeн во рамки на проектот „Информации засновани на факти и транспарентност за успешна Ковид-19 имунизација“, поддржан од Балканскиот Фонд за Демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД и УСАИД. Мислењата изразени во овој прилог не мора да ги претставуваат оние на Балканскиот Фонд за Демократија, Германскиот Маршалов фонд на САД, УСАИД или на американската влада.“

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top