gem press

Анализа на граѓанските организации: Прво реформи потоа избори!

на фев 18, 16 • од

НВО ИНфоцентарот, Фондацијата Отворено општество Македонија, Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО), Хелсиншкиот комитет за човекови права, Метаморфозис, Транспарентност Македонија и Институтот за човекови права доставија до евроамбасадорот Аиво Орав, до американскиот амбасадор Џес Бејли и до сите инволвирани дипломатски претставници во земјава, анализа на условите за фер, демократски и кредибилни избори...
Pin It

Home » Анализи, Важни, Граѓанска сцена, Слобода за слободата на изразување » Анализа на граѓанските организации: Прво реформи потоа избори!

Во пресрет на објавувањето на проценката на Делегацијата на Европската унија и Амбасадата на САД на 20 февруари 2016 година, седум граѓански организации[1] кои вршат редовни и вонредни мониторинг-анализи на повеќе теми од Договорот од Пржино одлучија да направат куса анализа на достигнувањата и проблемите во трите области опфатени со писмото.

По анализата ќе понудиме заклучоци и препораки со кои ќе одговориме на суштинското прашање: Што е тоа што сѐ уште треба да се направи за во Македонија да има услови за фер, слободни и демократски избори?

Овие седум организации постојано го застапуваа ставот дека одговарањето на ова прашање е многу поважно од техничкото прашање на кој датум ќе се одржат изборите. Работејќи на оваа анализа, организациите беа постојано водени од основната цел ‒ наредните парламентарни избори во Македонија да овозможат избор на легитимни институции кои ќе гарантираат излез од долготрајната, длабока политичка и институционална криза и ќе ја отворат перспективата за демократизација на македонското општеството.

АНАЛИЗА Долгиот пат до Пржино: Прво реформи потоа избори!

 

[1]Фондацијата отворено општество- Македонија (ФООМ), Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО), Хелсиншкиот комитет за човековите права, НВО-Инфоцентарот, Фондацијата Метаморфозис, Транспарентност Македонија и Институтот за човековите права (ИЧП). 

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top