download

Мониторинг: „Десоросоизацијата“ во медиумите

на апр 3, 17 • од

НВО Инфоцентарот во рамки на својата програма за набљудување и анализа на медиумите, во периодот јануари – февруари 2017 година, спроведе мониторинг на известувањето на 16 медиуми за темата „десоросоизација“. Оваа тема стана фреквентна во кон крајот на 2016 година, а продолжи со засилено темпо во првите два месеци од 2017 година...
Pin It

Home » Активности, Важни, Мониторинг на Медиуми, Слобода за слободата на изразување » Мониторинг: „Десоросоизацијата“ во медиумите

Деманти на граѓанските организации и поддршка

На 4 февруари 2017, СОС организираше прес-конференција на која беа изнесени голем број обвинувања за финансиското работење на над дваесет граѓански организации:

„Организациите НВО Инфоцентар, МОФ, Хелсиншки комитет, Метаморфозис, Акција плус Ресен, Фокус Велес, Факултет за работи што не се учат, Аква Струга, Огранизација на жени на општина Струмица, Центар за современи уметности, Џев и многу други фондации се само дел од оние на чии сметки легнувале милионски суми за време на предизбоните процени во Македонија во изминатиот период, велат од Граѓанското движење Стоп Операција Сорос.“[1]

И во деновите што следуваа, провладините медиуми, како на пример, Сител[2], објавија пропагандистички прилози за работењето на граѓанските организации, за нивната поврзаност со Сорос и СДСМ.

Непосредно по прес-конференцијата на СОС, сите граѓански организации кои беа нападнати и обвинети, реагираа со индивидуални деманти, со барања за извинување и со најава за тужби за изречените навреди и клевети од страна на претставниците на СОС. Овие деманти и реакции ги објавија критичките медиуми[3].

Овие медиуми известија и за прес-конференцијата на граѓанските организации, одржана на 7 февруари 2017 година, на која тие уште еднаш ги демантираа обвиненијата изнесени од страна на СОС (ТВ 24, „Невладините најавија дека ќе ги тужат од Стоп операција Сорос за клевета“[4]; Алсат-М[5], „Десетици невладини организации најавуваат тужба за клевета против „Стоп Операција Сорос““; ТВ21, „Невладините организации порачаа  – „Стоп операција Сорос“ да се извини или ќе следува тужба за клевета“[6]; А1.он[7], „Невладините до „СОС“: Извинување или тужба“; Слободен печат, „Невладините бараат јавно извинување и повлекување на сите лаги изнесени од СОС“[8] и др.).

Пресот на невладините кои бараа извинување беше невидлив за повеќето провладини медиуми, но затоа, порталите Република[9] и Курир[10], како и дневниот весник Дневник[11] ја објавија изјавата на членот на СОС, Цветин Чилиманов дека „невладините ќе треба да одговараат во Вашингтон, не во Скопје“.

Граѓанските организации, на 9 февруари 2017 година, организираа нова прес-конференција, на која ја објавија содржината на отвореното писмо за поддршка на граѓанското општество во Македонија, поддржано од 127 граѓански здруженија кои функционираат во државата. Нивната реакција ја објавија критичките медиуми, додека за провладините медиуми и овој прес беше невидлив. Тие воопшто не известуваа за реакциите на граѓанските организации, туку, објавуваа само напади и инсинуации на нивна адреса. Така, на 9 февруари 2017, Курир[12] објави текст под наслов: „Скандал: Заканите за тужби на соросовите невладини до движењето „С.О.С“ се координирана акција на СДСМ“, во кој паушално без аргументи и факти се тврдеше дека барањето за извинување и најавите за тужби се дело на СДСМ.

Критичките медиуми редовно ги објавуваа сите домашни и меѓународни реакции за поддршка на граѓанските организации. Тие пренесоа дека Иво Вајгл, известувачот на Европскиот парламент (ЕП) за Македонија од групата на либералите, во името на ЕП „им ја дава сета поддршка на граѓанските организации кои играат клучна улога во почитувањето на демократските норми”[13].

Во овој период, овие медиуми го објавија и писмото до Никола Груевски, упатено од  двајца европараламентарци во кое се бара спречување на функционирањето на СОС и се констатира спрегата меѓу Владата на ВМРО-ДПМНЕ и оваа иницијатива: „Со оглед на блискоста меѓу раководството на СОС и на владата и неодамнешните изјави на владини политичари за таканаречен процес на “десороизација“, загрижени сме за нашите активности таму како и за тоа дека Владата на Македонија не ги дели иститите вредности. Бараме од вас да ги преземете неопходните мерки кои ви се на располагање за да го негувате граѓанското општество и да ги поддржите нашите заеднички европски вредности и цели“[14]. Според европратениците, нападите врз граѓанските организации испраќаат вознемирувачка порака за европската ориентација на Македонија, дури и во круговите на најцврстите поддржувачи за приближувањето на земјата кон ЕУ.


[1] http://kurir.mk/makedonija/vesti/sos-na-smetkite-na-ovie-organizatsii-na-soros-vo-makedonija-legnuvale-milionski-sumi/

[2] http://sitel.com.mk/kade-odat-5-milioni-evra-od-soros-sekoja-godina-plus-ostatite-10

[3] http://novatv.mk/niza-demanti-upateni-kon-chilimanov-i-grupata-stop-operatsija-soros/

[4] http://24vesti.mk/nevladinite-najavija-deka-kje-gi-tuzhat-od-stop-operacija-soros-za-kleveta

[5] http://www.alsat-m.tv/mk/%D0%94%D0%B5%D1%81%D0%B5%D1%82%D0%B8%D1%86%D0%B8-%D0%BD%D0%B5%D0%B2%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B8-%D0%BE%D1%80%D0%B3%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%B7%D0%B0%D1%86%D0%B8%D0%B8-%D0%BD%D0%B0%D1%98%D0%B0/

[6] http://tv21.tv/mk/?p=117956

[7] http://a1on.mk/archives/700777

[8] http://www.slobodenpecat.mk/drustvo/nevladinite-baraat-javno-izvinuvane-i-povlekuvane-na-site-lagi-izneseni-od-sos/

[9] http://republika.mk/726912

[10] http://kurir.mk/makedonija/vesti/chilimanov-nevladinite-ke-treba-da-odgovaraat-vo-vashington-ne-vo-skopje/

[11] http://dnevnik.mk/default.asp?ItemID=0FE16F80D111A24B9F2F0C904A70B46F

[12] http://kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-zakanite-za-tuzhbi-nasorosovite-nevladini-do-dvizheneto-s-o-s-se-koordinirana-aktsijana-sdsm/

[13] http://novatv.mk/vajgl-osuda-na-napadite-protiv-graganskoto-opshtestvo/

[14] http://24vesti.mk/evropratenicite-brok-i-kovachev-so-pismo-do-gruevski-poradi-napadite-od-sos

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top