download

Мониторинг: „Десоросоизацијата“ во медиумите

на апр 3, 17 • од

НВО Инфоцентарот во рамки на својата програма за набљудување и анализа на медиумите, во периодот јануари – февруари 2017 година, спроведе мониторинг на известувањето на 16 медиуми за темата „десоросоизација“. Оваа тема стана фреквентна во кон крајот на 2016 година, а продолжи со засилено темпо во првите два месеци од 2017 година...
Pin It

Home » Активности, Важни, Мониторинг на Медиуми, Слобода за слободата на изразување » Мониторинг: „Десоросоизацијата“ во медиумите

Паралелно со објавата на процесот на „десоросоизација“ од претставници на ВМРО-ДПМНЕ и активирањето на СОС, граѓанските организации беа соочени и со засилени финансиски контроли и инспекции.

Само неколку денови по објавувањето на прогласот, Телма, ТВ24 и ТВ21 во централните информативни изданија објавија дека Управата за јавни приходи им врши инспекциски надзор за финансиското работење на над дваесет невладини организации (ТВ24, 19.12.2016, „Граѓанскиот сектор сардисан од инспекции, почна ли „десоросоизацијата”?[1]; ТВ 21, 20.12.2016, „Невладините под лупа на даночниците: УЈП „чешла“20-тина организации“[2]; Телма, 20.12.2016, „Граѓанскиот сектор на удар на УЈП“[3]).

Во прилогот на ТВ24, „(Не)оркестриран „упад“ во невладиниот сектор?“, од 26 декември 2016[4], од УЈП за телевизијата потврдиле дека една државна институција покренала иницијатива за контрола на невладиниот сектор и дека постапуваат по неа, но не открија за која институција станува збор.

На 4 февруари 2017, ТВ24[5] објави дека неколку невладини организации чие финансиско работење за 2016 година го проверуваше Управата за јавни приходи добиле и дополнително барање – да им ги отстапат на даночниците финансиските извештаи за финансиското работење во последните пет години, односно за периодот од јануари 2012 до декември 2016 година.

Порталот НоваТВ[6], на 3 февруари 2017 објави дека „Одделението за организиран криминал“ при Јавното државно обвинителество отворило и предистражна постапка за невладини организации кои се финансирале од странски донатори како Владата на САД и други влади од западните земји и фондацијата „Институт Отворено Општество“.[7]

Провладините медиуми – Сител, МРТ1, Канал 5, Алфа, Дневник, Вечер, Република и Курир – воопшто не известуваа за инспекциските контроли врз невладините организации.


[1] http://24vesti.mk/gragjanskiot-sektor-sardisan-od-inspekcii-pochna-li-%E2%80%9Cdesorosoizacijata%E2%80%9D

[2] http://tv21.tv/mk/?p=113374

[3] http://telma.com.mk/vesti/gragjanskiot-sektor-na-udar-na-ujp

[4] http://24vesti.com.mk/neorkestriran-%E2%80%9Cupad%E2%80%9C-vo-nevladiniot-sektor

[5] http://24vesti.mk/desorosoizacijata-vo-vtora-faza?quicktabs_popularna_sodrzina=2

[6] http://novatv.mk/so-pomosh-na-bezbednosni-organi-ojo-gi-istrazhuva-nevladinite-i-besa/

[7] Предметот е оформен помеѓу 20 и 30 декември, непосредно по завршувањето на предвремените парламентарни избори или три дена по прогласот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, а оформен е по предмет доставен до МВР од Антикорупциската комисија. Порталот пишува дека во предистражната постапка се вклучени високи безбедносни служби во полицијата, а директорот на Бирото за јавна безбедност го координира тимот од повеќе институции.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top