download

Мониторинг: „Десоросоизацијата“ во медиумите

на апр 3, 17 • од

НВО Инфоцентарот во рамки на својата програма за набљудување и анализа на медиумите, во периодот јануари – февруари 2017 година, спроведе мониторинг на известувањето на 16 медиуми за темата „десоросоизација“. Оваа тема стана фреквентна во кон крајот на 2016 година, а продолжи со засилено темпо во првите два месеци од 2017 година...
Pin It

Home » Активности, Важни, Мониторинг на Медиуми, Слобода за слободата на изразување » Мониторинг: „Десоросоизацијата“ во медиумите

„Десороизацијата“ стигна до американскиот конгрес

Само една недела по официјалното обзнанување на СОС, македонската јавност, ја дозна и втората цел за постоењето на ова таканаречено граѓанско здружение – интернационализација на процесот на „десоросоизација“ и алармирање на американскиот конгрес за работата на УСАУД и на американскиот амбасадор во Македонија.

Медиумите Сител[1], Канал5[2], Курир[3], Република[4], на 23 јануари 2017, известија за прес-конференцијата на „Стоп операција Сорос“, во која нејзините основачи истакнаа дека ќе побараат одговор од американската амбасада и од мисијата на УСАИД во Македонија, „за начинот на кој соработуваат и ја финансираат Фондацијата Институт Отворено општество“. На 27 јануари2017 година, СОС организираше нова прес-конференција, на која објави дека спровеле истржување дистрибуирано до неколку надлежни институции во САД и во светот, за да се „алармира за начините за финансирање на голем број невладини организации во земјава финансирани од фондацијата – Институт отворено општество, како и за злоупотребите на Американската агенција за развој УСАИД“.[5]

Медиумите објавија дека шест конгресмени предводени од Кристофер Смит му испратиле писмо на амбасадорот Џес Бејли во кое, повикувајќи се на правата што им ги дава конгресната функција, бараат да се надгледува работата на амбасадорите на САД, и објаснувања за неговите дипломатски потези во Македонија. Утрински весник, на 7 февруари 2017, констатира дека „ВМРО-ДПМНЕ му објави „војна“ на амбасадорот на САД, Џес Бејли на американско тло. Соочени со можноста да ја изгубат власта, од оваа партија ги активираа сите „оружја“ за да издејствуваат промена на политиката на САД кон Македонија[6]

Утрински весник, но и другите критички медиуми ја објавија и реакцијата на амбасадорот Бејли: „Ги поздравуваме прашањата од Конгресот и можноста да обезбедиме информација за нашите активности и за контекстот во кој работиме за да ги постигнеме нашите цели. Ќе одговориме на нив како што се бараше“. Од амбасадата објаснија дека за работи што се однесуваат на Македонија, тие го информираат „Бирото за легални прашања“ во Конгресот.

Телевизија Сител[7], како и другите медиуми, на 28 февруари 2017, објави дека конгресмените не биле задоволни од одговорот на амбасадорот Бејли и дека бараат поконкретни информации за неговата работа во Македонија: „За жал, слушнавме веродостојни извештаи дека во изминатите две години американската Амбасада во Македонија активно се мешала во меѓупартиските политички прашања во Македонија, како и дека влијаела да се обликуваат медиумската средина и граѓанското општество на начин кој е неприфатливо партиски и притоа, директно или индиректно, влијаела врз исходот на изборите во Македонија. Според овие информации, интервенциите секогаш биле во полза на партиите, медиумите и граѓанските организации од левицата. Информирани сме дека и УСАИД Македонија силно ги поддржувал овие партии во пресрет на изборите“.

Во овој период на мониторинг медиумите објавија информации и за дебатата на Фокс Њуз за дејствувањето на Џорџ Сорос во Македонија и за работата на амбасадорот Бејли, во која учествуваше и советник на поранешниот американски претседател Џорџ Буш: „Блејкмен го кажува неговото размислување околу тоа како некој кој е толку контроверзен како Џорџ Сорос преку Фондацијата Отворено општество бил избран да ја спроведува помошта од САД. Во воведниот дел од дебатата на Фокс Њуз, која има шест пати повисок рејтинг од ЦНН се вели дека Pепубликанците одговараат на извештајот во кој се вели дека милијардерот кој донира за либерални цели се обидува да влијае на Балканот преку поттикнување на левичарски групи.“[8]

Телевизија Сител, на 17 февруари 2017, емитуваше прилог  за интервјуто на членот на СОС, Цветин Чилиманов, за радиостаницата на американската медиумска мрежа БрајтБарт, со наслов: „Медиумската куќа на главниот советник на Доналд Трамп ја отвори темата за СОРОС во Македонија“.[9]

Во текот на февруари, провладините медиуми објавија и серија пропагандистички текстови за работењето на „Фондацијата Сорос“ во останатите земји во регионот, како на пример, Србија и Албанија.[10]


[1] http://sitel.com.mk/stop-operacija-soros-kje-pobara-od-sad-revizija-za-rabotata-na-usaid-makedonija

[2] http://www.kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=115884

[3] http://kurir.mk/makedonija/vesti/stop-operatsija-soros-bara-reaktsija-od-novata-administratsija-na-tramp/

[4] http://republika.mk/720135

[5]http://republika.mk/722102;http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=63063A2766BF6A4287E64FF04897ACD ; http://sitel.com.mk/stop-operacija-soros-nevladinite-gi-zloupotrebuvale-parite-na-usaid; http://www.kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=116179

[6] http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=44BECBFF0050A045AE95EC83AD79E73C

[7] http://sitel.com.mk/kongresmenite-nezadovolni-od-odgovorot-na-bejli-baraat-istraga-za-ambasadata-na-sad-i-usaid

[8] http://tvnova.mk/vesti/makedonija/foks-njus-kako-soros-dobiva-mozhnost-da-ja-implemantira-stranskata-pomosh-na-sad/

[9] http://sitel.com.mk/mediumskata-kukja-na-glavniot-sovetnik-na-donald-tramp-ja-otvori-temata-za-soros-vo-makedonija

[10] http://kurir.mk/makedonija/vesti/oktopodot-na-soros-vo-albanijaima-silno-vlijanie-i-vo-makedonija/; http://kurir.mk/makedonija/vesti/narodnoto-dvizhene-nashi-jazapochna-desorosoizatsijata-vo-srbija/

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top