download

Мониторинг: „Десоросоизацијата“ во медиумите

на апр 3, 17 • од

НВО Инфоцентарот во рамки на својата програма за набљудување и анализа на медиумите, во периодот јануари – февруари 2017 година, спроведе мониторинг на известувањето на 16 медиуми за темата „десоросоизација“. Оваа тема стана фреквентна во кон крајот на 2016 година, а продолжи со засилено темпо во првите два месеци од 2017 година...
Pin It

Home » Активности, Важни, Мониторинг на Медиуми, Слобода за слободата на изразување » Мониторинг: „Десоросоизацијата“ во медиумите

Медиумска пропагандна канонада на СОС

tabela mkИстиот ден кога беше објавена веста за формирањето на СОС, провладините медиуми објавија десетици текстови и видео-прилози на тема „десоросоизација“, кои претежно се однесуваа на финансиското работење на граѓанските прганизации.

Порталот Република објави анонимен текст под наслов „Месечно во СОРОС заработуваат колку 10 просечни плати“[1], во кој се тврди дека  „Фондацијата на СОРОС“ дејствува како „параполитичка организација, наплајќајќи големи средства на луѓе од нивниот платен список“. И порталот Курир објави анонимен текст под наслов „Фани Каранфиловска од СОРОС со 3.400 евра месечни примања или 10 просечни плати“[2], во кој се споменуваат и други имиња на соработници на организацијата и износот на нивните хонорари,  а се прават и паралели со просечните плати во државата, со цел да се прикаже дека соработниците на Фондацијата земаат несразмерно високи хонорари за нивната работа.

Весникот Вечер објави два текста, исто така, анонимни. Првиот текст беше насловен како „Евро за Вицето е најдобриот модел за работење на општините“[3] и во него весникот се обидува вештачки да импрегнира релација меѓу судскиот случај „Поткуп“, во кој е обвинет претседателот на СДСМ, Зоран Заев и работењето на ФООМ. Вториот текст беше насловен: „Колкава е вредноста на парите кои Сорос ги троши за корумпирање на македонското општество“[4] и во него беше направена несоодветна контекстуализација на износот на хонорарите што ги добиваат соработниците на Фондацијата и БДП на Германија и на САД.

Телевизија Алфа, на 22 јануари 2017, објави анонимен прилог под наслов „Соросоидни парадокси: пропагираат идеали и вредности, а земаат баснословни суми“[5], кој содржеше имиња и презимиња на соработници на ФООМ и суми на хонорари кои им биле исплатени. Четири дена подоцна, на 26 јануари 2017, оваа телевизија објави и прилог насловен како „Фондациите на Сорос влијаат на извештаите на Транспаренси интернешнал?!“[6], во кој лошото рангирање на Македонија во годишниот извештај на Транспаренси Интернешанал за перцепцијата за корупција е прикажано како резултат на влијанието на Сорос врз оваа меѓународна организација.

Три дена по објавата за формирањето на СОС, темата „десоросоизација“ доби дополнителна димензија. Весникот Вечер, порталот Република[7] и телевизија Сител[8] го споделija интервуто на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски за косовскиот весник „Газета Експрес“,[9] во кое Груевски, меѓу другото, посочува дека медиумите и невладините организации поддржани од Сорос биле делумно насочени проtiv ДУИ, со цел да ја ослабнат ВМРО-ДПМНЕ. Истиот ден, Дневник[10] и Сител[11] објавија статија под наслов „Фондацијата на СОРОС да објасни дали работи на менување на унитарниот карактер на државата“:„Треба да објаснат дали нивната политичка активност маскирана под плаштот на граѓански активизам е со цел редефинирање и целосно менување на унитарниот карактер на државата или, пак, нивната цел е да се отворат границите во регионот, за непречен проток од Блискиот Исток, со сите безбедносни импликации кои произлегуваат од тоа, изјави Цветин Чилиманов од Стоп операција Сорос на денешната прес-конференција.“

Пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ и провладините медиуми отиде дотаму што Сител на 22 јануари 2017, објави прилог во кој меѓу другото, се цитира и фејсбук статус на црковно лице, отец Ивица Тодоров: „Целта е ментална и генетска мутација, а со цел личностите кои се целна група за обработување да го забрзаат светскиот процес на ентропија, односно празнање на ментално/ интелектуалните и духовните капацитети на конкретна личност, општество, нација, држава, човештво. Последната фаза на оваа програма, се разбира во целата оваа режија има и други деструктивни програми, тоа е формирање човештво без човек, односно, човештво без идентитет, односно, човештво без став, вредност и вистина.“ [12]

На 28 јануари 2017, Сител[13], Алфа[14] и Канал 5[15] емитуваа идентични прилози со анкети со граѓани кои говореа против невладините организации финансирани од ФООМ со цел да се добие впечаток дека и граѓаните во Македонија го бараат она што го пропагира СОС.


[1] http://republika.mk/717244

[2] http://kurir.mk/makedonija/vesti/fani-karanfilovska-od-soros-so-3-400-evra-mesechni-primana-ili-10-prosechni-plati/

[3] http://vecer.mk/makedonija/evro-za-viceto-e-idealniot-model-na-soros-za-rabotenje-na-opshtinite

[4] http://vecer.mk/makedonija/kolkava-e-vrednosta-na-parite-koi-soros-gi-troshi-za-korumpiranje-na-makedonskoto

[5] http://www.alfa.mk/News.aspx?id=117438#.WLWTmPkrLIU

[6] http://www.alfa.mk/News.aspx?id=117584#.WLWTkfkrLIU

[7] http://republika.mk/718757

[8] http://sitel.com.mk/gruevski-za-ekspres-so-ahmeti-napravivme-mnogu-znachajni-dela-za-gragjanite-na-makedonija

[9] http://vecer.mk/makedonija/gruevski-mojot-stav-za-albancite-i-ulogata-na-soros-vo-makedonija

[10] http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=2FF2E06F03542D4A831A9CEB2E5299F6

[11] http://sitel.com.mk/stop-operacija-soros-fondacijata-na-soros-nema-vrska-so-gragjanski-sektor

[12] http://sitel.com.mk/otec-ivica-todorov-od-mpc-celta-na-soros-e-choveshtvo-bez-chovek-bez-identitet

[13] http://sitel.com.mk/poddrshka-za-demaskiranjeto-na-celite-na-soros

[14] http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=117643#.WLagfvkrLIU

[15] http://www.kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=116235

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top