download

Мониторинг: „Десоросоизацијата“ во медиумите

на апр 3, 17 • од

НВО Инфоцентарот во рамки на својата програма за набљудување и анализа на медиумите, во периодот јануари – февруари 2017 година, спроведе мониторинг на известувањето на 16 медиуми за темата „десоросоизација“. Оваа тема стана фреквентна во кон крајот на 2016 година, а продолжи со засилено темпо во првите два месеци од 2017 година...
Pin It

Home » Активности, Важни, Мониторинг на Медиуми, Слобода за слободата на изразување » Мониторинг: „Десоросоизацијата“ во медиумите

„Стоп операција Сорос“ – СОС

Само две недели од објавувањето на прогласот на ВМРО-ДПМНЕ за „десоросоизација“, на 17 јануари 2017, медиумите објавија дека е формирано ново граѓанско здружение наречено Стоп операција СОРОС (СОС).[1] Во медиумите, именувањето на СОС варираше од „граѓанско движење“[2] преку „иницијативен одбор за формирање граѓанско движење“[3] до „организација“.[4]

Индикативно е тоа што во Вечер,[5] Дневник[6], Курир[7] и Република[8] беа објавени буквално исти текстови за формирањето СОС, без какво било надополнување или корекција: „Сведоци сме како се узурпира целиот граѓански сектор и истиот беше искористен и инструиран во полза на политичка партија што е недозволиво и е надвор од принципите на секакво граѓанско организирање. Фондацијата Отворено општество која е под капата на СОРОС стоеше директно зад сите насилни процеси во Република Македонија, со финансии и со кадар. Фондацијата Отворено општество создаде монопол во граѓанскиот сектор кој е окупиран и во истиот нема место за организации и движења кои не се согласни со идеологијата на Сорос. Во граѓанскиот сектор беше прегазен плурализмот и завладеа тоталитарно едноумие“.

Според Сител, основната цел на СОС е „престанок на монополот во граѓанскиот сектор финансиран од Сорос, насилието врз институциите и газењето на волјата на мнозинството граѓани во Македонија“. Прилозите  емитувани на  Сител[9], Алфа[10] и Канал5[11] имаа слична содржина.

На формирањето на СОС му претходеше интервјуто на техничкиот министер за надворешни работи, Никола Попоски, за италијанскиот весник „Ла Верита“, на 15 јануари 2017, во кое тој обвинува дека Фондацијата Отворено општество, финансира субјекти кои на нетранспарентен начин се занимаваат со политика[12].Според Попоски, Сорос откако е присутен во Македонија потрошил 60 милиони долари за невладините организации и дека проблемот е во „абнормалната концентрација“, затоа што 90 отсто од средствата на тие организации доаѓаат од еден извор: „Всушност, од овие субјекти произлегуваат медиумските притисоци и несоодветните влијанија врз јавното мислење. Но, од нив пред сè започнуваат политички битки секогаш во корист на социјалистичката коалиција. Тоа според нас е дестабилизација“.


[1] http://sitel.com.mk/stop-operacija-soros-novo-gragjansko-dvizhenje-za-desoroizacija-na-makedonija

[2] http://kurir.mk/makedonija/vesti/formirano-e-graganskoto-dvizhene-stop-operatsija-soros-site-gragani-mozhat-da-se-prikluchat-vo-idejata-za-desorosoizatsija-na-makedonija/;http://sitel.com.mk/stop-operacija-soros-novo-gragjansko-dvizhenje-za-desoroizacija-na-makedonija; http://www.alsatm.tv/mk/%D0%A1%D1%82%D0%BE%D0%BF%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D1%80%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%A1%D0%BE%D1%80%D0%BE%D1%81%D0%A4%D0%BE%D0%BD%D0%B4%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0/

[3] http://tv21.tv/mk/?p=116096,http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=5727A53E1D114F4D9666F457BBE416A9

[4] http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=F0C8BC02505AB049B836207201CADBF3; http://play.mrt.com.mk/play/5128

[5] http://vecer.mk/makedonija/formirano-e-gragjanskoto-dvizhenje-stop-operacija-soros

[6] http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=6F196F2944670541BEC9C6E4DFFA5CBC

[7] http://kurir.mk/makedonija/vesti/formirano-e-graganskoto-dvizhene-stop-operatsija-soros-site-gragani-mozhat-da-se-prikluchat-vo-idejata-za-desorosoizatsija-na-makedonija/

[8] http://republika.mk/717146

[9] http://sitel.com.mk/stop-operacija-soros-novo-gragjansko-dvizhenje-za-desoroizacija-na-makedonija

[10] http://www.alfa.mk/News.aspx?id=117254#.WLWbI_krLIU

[11] http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=115504

[12] http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=115357

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top