download

Мониторинг: „Десоросоизацијата“ во медиумите

на апр 3, 17 • од

НВО Инфоцентарот во рамки на својата програма за набљудување и анализа на медиумите, во периодот јануари – февруари 2017 година, спроведе мониторинг на известувањето на 16 медиуми за темата „десоросоизација“. Оваа тема стана фреквентна во кон крајот на 2016 година, а продолжи со засилено темпо во првите два месеци од 2017 година...
Pin It

Home » Активности, Важни, Мониторинг на Медиуми, Слобода за слободата на изразување » Мониторинг: „Десоросоизацијата“ во медиумите

Груевски во ова интервју, Фондацијата Отворено општество Македонија, невладините организации и секако, самиот Џорџ Сорос директно ги поврзува со СДСМ, па дури и ги поставува во надредена положба во однос на оваа партија: „Да, имавме тежок противник, при што не мислам на СДСМ, тој беше само параван, инструмент, маша… Да не беше зад него Џорџ Сорос со сите милиони што ги истура во Македонија, со целата мрежа од невладини организации, медиуми, политичари, внатре и надвор, што ги плаќа, влијание во најмоќните држави во светот, и тоа одлучувачко влијание кога станува збор за помали земји како нашата, немаше да е толку тешко, а и економијата ќе беше посилна, ќе имавме повеќе нови отворени работни места“.[1] Како аргумент за ова тврдење, Груевски додаде: „Имаат говори против нас на политички митинзи организирани од СДСМ. Затоа ние почнавме да ги поистоветуваме и велиме СДСМ/Сорос“.[2]

Откако, Никола Груевски го најави таканаречениот процес на „десоросоизација“, ВМРО-ДПМНЕ, во текот на јануари и февруари 2017, речиси секојдневно (понекогаш дуи и повеќе пати во текот на еден ден) објавуваше соопштенија во кои се напаѓаат Џорџ Сорос, ФООМ, граѓанските организации, активистите, и во кои со заканувачки тон се најавува неизбежноста од спроведувањето на овој процес:

„СДСМ е политичкиот експонент на деструктивната политика на Сорос против волјата на граѓаните и законите во нашата држава“ (23.1.2017)

„Преку директен и брутален напад на секоја мисла различна од нивната матрица, СДСМ и Сорос се посветени и добро платени за мисијата за уништување на демократијата во Македонија и сузбивање на секое мислење кое соросовите инсталации ќе го проценат како неподобно.“ (6.2.2017)

Процесот на десоросоизација е неопходен за Македонија да се ослободи од злото кое го убива оној дел од цивилниот сектор кој не може да го купи и земе под своја команда за да му слугува на Заев и на СДСМ.“ (9.2.2017)

Додека ВМРО-ДПМНЕ со поддршка на провладините медиуми, во текот на јануари и февруари 2017, креираше исклучително интензивна кампања против граѓанските организации и постојано го најавуваше процесот на „десоросоизација“, нејзиниот владин партнер, партијата ДУИ излезе со спротивни ставови: „НВО треба да имаат можност слободно да работат. Истото се однесува и на Фондацијата Отворено општество (Сорос). Државните органи треба и ќе реагираат само доколку постојат сомневања околу изворите на финансирање или доколку нивната дејност е спротивна на законот. ДУИ ќе продолжи да има коректна соработка со НВО-ата во земјава.“ (16.1.2017, АлсатМ).

Потпретседателката на ДУИ, Теута Арифи во своето гостување во дебатната емисија на телевизија Телма, „Топ тема“, на 27 јануари 2017, меѓу другото истакна: „ Во целиот албански говорен простор, медиуми и невладин сектор, не може да најдете текстови на анимозитет кон работата на Сорос. Тоа докажува дека и во ДУИ може да има размислувања, но тоа не е дефинитивна позиција на партијата. Јас сметам дека целиот тој феномен што тука се именува како „десоросоизација“ е лош за процесите во Македонија и кај Македонците и кај Албанците затоа што никој во оваа земја не треба да заборави која била логиката на фондацијата на Сорос во 90-тите години, која била активна во сите земји од Источна Европа и во земјите на поранешна Југославија…“

Според Арифи, секој што дал придонес во демократизацијата на земјата, дал и придонес за правата на другите етнички заедници, а со тоа овозможил создавање на едно поправедно општество.


[1] http://republika.mk/710172

[2] http://republika.mk/710172

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top