mala

„Десоросоизацијата“ во медиумите

на дек 17, 17 • од

НВО Инфоцентарот во континуитет ги набљудува и анализира содржините објавени во медиумите посветени на темата „десоросоизација“ односно на континуираната хајка и нападите врз граѓанските организации, Фондацијата Отворено општество Македонија (FOOM), Џорџ Сорос, УСАИД, амбасадорот на САД во Реублика Македонија, Џес Бејли и др...
Pin It

Home » Активности, Важни, Граѓанска сцена, Мониторинг на Медиуми, Слобода за слободата на изразување » „Десоросоизацијата“ во медиумите

Мониторинг на 16 медиуми, март – ноември 2017

НВО Инфоцентарот во континуитет ги набљудува и анализира содржините објавени во медиумите посветени на темата „десоросоизација“ односно на континуираната хајка и нападите врз граѓанските организации, Фондацијата Отворено општество Македонија (FOOM), Џорџ Сорос, УСАИД, амбасадорот на САД во Реублика Македонија, Џес Бејли и др.

Овој извештај се однесува на периодот,  март – ноември 2017 година, а мониторингот ги опфати централните вести на телевизиите: ТВ 24, Телма, Сител, МРТ1, Алсат М, Канал 5, Алфа и ТВ 21; дневните весници: Слободен печат, Вечер и Дневник[1] (нивните интернет-страници/ електронски изданија) и порталите: А1он, Плусинфо, Република, Курир и НоваТВ.

Клучни наоди:

- Во првите четири месеци од мониторингот, односно од март до јуни, беа објавени дури 76% од содржините или во просек 7 прилози дневно.

- По формирањето на Владата предводена од СДСМ, интензитетот на написи и прилози драстично се намали (во просек 2 текста дневно), но хајката и натаму продолжи.

- Медиумите блиски до ВМРО-ДПМНЕ објавија 80% од вкупниот број текстови односно во просек објавуваа 3 прилози дневно, а во првите 4 месеци, овој просек се искачуваше и до 6 прилози дневно.

- Од нив, најголем број објави имаат: Република (23%), Курир (21%), Вечер (12%) и Дневник.(9’%).

- Од критичките медиуми најмногу содржини објавија: А1.он (6,5%), Плусинфо  (4%), НоваТВ (3%) и Слободен печат (3%).

- Медиумите блиски до ВМРО-ДПМНЕ, заедно со оваа партија и иницијативата СОС, водеа жестока „црна“ кампања против Џорџ Сорос, Фондацијата Отворено општество Македонија, граѓанските организации, активистите, УСАИД, амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли и др.

- Според овие медиуми, најголеми непријатели на Македонија се Џорџ Сорос, неговата фондација и граѓанските организации.

- Најголемиот дел од прилозите објавени во медиумите блиски до ВМРО-ДПМНЕ беа анонимни и често пати еден ист текст беше реобјавуван во различни портали и  весници.

- Критичките медиуми, пак, претежно ги објавуваа реакциите и демантите на нападнатите страни, а редовно информираа и за текот на инспекциите и истрагите врз граѓанските организации, иницирани и оркестрирани од страна на поранешната власт.

mal info

[1] Дневник редовно се следеше до неговото згаснување во јуни 2017 година.

 

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top