Strumica 2

Дебата во Струмица: Омбудсманот и локалната власт

на ное 15, 18 • од

Омбудсманот, градоначалникот на Струмица, претставници на државните институции, активисти и новинари, дискутираа за подобрување на меѓусебната соработка за поголема заштита на правата на граѓаните...
Pin It

Home » Активности, Важни » Дебата во Струмица: Омбудсманот и локалната власт

НВО Инфоцентарот, Народниот правобранител и Општина Струмица, на 14 ноември, 2018 година, во Струмица, организираа јавен настан: „Народниот правобранител и локалната власт: Подобра соработка за поголема заштита на правата на граѓаните“.

На оваа дебата зборуваа народниот правобранител Иџет Мемети, градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, заменикот-народен правобранител во регионалната канцеларија во Струмица, Славчо Тимов, Билјана бејкова, извршна директорка на НВО Инфоцентар, како и претставници на државните и јавните институции во општина Струмица. Главниот фокус на оваа дискусија беше улогата на Народниот правобранител како клучна незавсина државна институција во заштита на правата на граѓаните, и начините за подобрување на соработката на локалните власти, државните и јавните институци на локално ниво, со Народниот правобранител.

Во дискусијата се вклучија и претставниц на граѓанските опрганизации од Струмица.

Овој настан е дел од проектот „Граѓанскo набљудување на Народниот правобранител“, спроведуван од НВО Инфоцентар, а поддржан од Амбасадата на САД во Република Македонија.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top