131486772_3826543560731788_5777158932448072593_o

Дебата во Вардарски регион: Регионализација на инспекциите како преодно решение

на дек 17, 20 • од

НВО Инфоцентарот, на 17 декември 2020 година, организираше онлајн дебата „Како до ефикасни и независни инспекциски служби во општините“ за општините од Вардарскиот плански регион...
Pin It

Home » Активности, Важни » Дебата во Вардарски регион: Регионализација на инспекциите како преодно решение

НВО Инфоцентарот, на 17 декември 2020 година, на платформата ЗУМ, организираше онлајн дебата „Како до ефикасни и независни инспекциски служби во општините“ за општините од Вардарскиот плански регион.

На дебата учествуваа градоначалници, локални инспектори, администрација, граѓански организации и медиуми, како и претседателот на Советот за развој на Вардарскиот плански регион и градоначалник на Велес Аце Коцевски, Методија Димовски од Инспекцискиот совет, Мила Крекиќ од Државниот инспекторат за локална самоуправа, Дарко Црвенковски од УНДП и Горан Трајчевски, раководител на секторот Инспекторат на Град Скопје.

Учесниците развија исклучителено плодна дебата за проблемите и предизвиците со кои се соочува локалната инспекција, а во исто време дадоа и повеќе предлози за можни решенија и механизми за нов модел на организација на инспекциските служби.

Покрај досегашните идентификувани проблеми, посечени од останатите региони, како што се неекипираноста на инспекциските служи, неусогласената законска регулатива, зависноста на инспекциите од општините и (не)функционирањето на меѓуопштинските договори за соработка, беа посочени и нови предизвици – клучни за унапредување на инспекциската функционалност.

Генерален заклучок е дека се неопходни реформи во четири стратешки столбови и тоа:

1.Нов пакет на надлежности

Општините сметаат дека децентрализацијата треба да продолжи и општините да добијат дополнителни надлежности, затоа што, за разлика од институциите на централната власт, на граѓаните можат да им обезбедат подобри услуги.

2.Фискална децентрализација

Во рамки на натамошниот процес на фискалната децентрализација, би се обезбедиле и повеќе буџетски средства за секторите и одделенијата за инспекциски надзор, што ќе овозможи доекипирање, опремување и повисоки плати за локалните инспектори.

3.Реформи во организацијата на локалната самоуправа

Да се направи поделба на општини со седиште во град и во село, и да се развие систем на меѓуопштинска соработка со интегрирање на инспекциските органи на ниво на регион. Регионализацијата, во оваа фаза, би се одвивала како преодно решение за справување со тековните барања на граѓаните, се до изнаоѓање ефикасен модел на независни и професионални инспекциски служби, ослободени од политичко влијание. Како пример беше посочено регионалното здружување на општинските инспекции во Скопје, во еден инспекторат и нивните позитивни искуства од ваквиот модел.

Оваа дискусија е во рамки на серијата дебати што ги организира НВО Инфоцентарот, за да го поттикне процесот на промени и законски измени во насока на подобрување на функционирањето на инспекцискиот надзор на локално ниво и да ја поттикне партиципативната демократија на локално ниво.

131895691_3826542687398542_2361791802018969521_o

131927577_3826689877383823_1185411835255474900_o

Настанот се организира во рамки на проектитe: „Граѓански мониторинг врз инспекциските служби на локално ниво“ и „Активни граѓани и пратиципативна демократија на локално ниво“.

 

 

 

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top