48415422_10157105046391995_8392638809627426816_n

Дебата: Градот Скопје и ГО – можности за иновативни решенија преку европските фондови

на дек 25, 18 • од

Настанот беше фокусиран на можностите за унапредување на капацитетите на Градот и на граѓанските организации, за зголемено искористување на ЕУ фондовите, во служба на стратешките развојни приоритети на Градот Скопје. На дебатата се дискутираше и за унапредувањето на моделите и активностите за подобрување и засилување на меѓусебната соработка меѓу Градот и граѓанскиот сектор...
Pin It

Home » Активности, Важни » Дебата: Градот Скопје и ГО – можности за иновативни решенија преку европските фондови

Денеска, во рамките на проектот „Локален консултативен механизам за ИПА2“, во Скопје, се одржа  дебатата „Градот Скопје и граѓанските организации – можности за иновативни решенија за актуелните предизвици преку европските фондови “.

Настанот беше фокусиран на можностите за унапредување на капацитетите на Градот и на граѓанските организации, за зголемено искористување на ЕУ фондовите, во служба на стратешките развојни приоритети на Градот Скопје. На дебатата се дискутираше и за унапредувањето на моделите и активностите за подобрување и засилување на меѓусебната соработка меѓу Градот и граѓанскиот сектор во изнаоѓањето иновативни решенија за актуелните предизвици и проблеми.

2 kotur

На дебатата зборуваа: Ловрен Маркиќ, раководител на Секторот за меѓународна соработка на Градот Скопје, како и претставниците од граѓанскиот сектор: Љупчо Петковски од Евротинк и Билјана Дуковска од Македонската платформа против сиромаштијата.

Ловрен Маркиќ нагласи дека Градот ќе започне со подготовка на нова стратегија за соработка со граѓанскиот сектор, за која се надева дека ќе се изработи низ партиципативен процес кој ги вклучува мислењата и потребите на организациите.  „Остануваме отворени за секој момент на соработка и размена на искуства. Мора да се надмине недовербата и да се гради култура на комуникација“ истакна Маркиќ. Тој исто така нагласи дека треба да се искористат сите можности за заедно да се подготвуваме за нови проекти и приближување кон ЕУ.

Билјана Дуковска ги сподели искуствата на Мрежата во соработка со локални власти низ Македонија. Таа смета дека како општество престанавме да градиме локални заедници и дека понекогаш забораваме да го ставиме фокусот на луѓето, па од таму и крахираат одредени политики или проекти.

Љупчо Петковски се осврна на новините кои ги носи ИПА 3, со амбиции да се забрза спроведувањето на претпристапната помош, особено во првите години, со цел да се избегне структурно доцнење при склучување договори и заостанувањата при спроведувањето.

Советничката од Градот Скопје, Билјана Секуловска-Габер, нагласи дека Градот прави обиди за подобра соработка со граѓанските организации, но и со други чинители. „Веќе сме свесни дека некои застоени политики мора да се напуштат и да се заменат со нови, кои нудат соработка на сите полиња. Со ИПА 3 локалната самоуправа е ставена на високо ниво, а тоа бара консолидирање и соработка, а ако тоа не го направиме ќе ги изгубиме средствата“ нагласи Секуловска-Габер.

Проектот „Локален консултативен механизам за ИПА 2“ го реализираат НВО Инфоцентар и Организацијата на жени од Струмица, со финансиска поддршка од Европската Унија.

Во рамки на овој проект, слични дебата се одржаа во Тетово, Струмица и Битола.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top