images

КОВИД-19 не смее да ја укине поддршката за граѓанските организации

на јун 21, 20 • од

НВО Инфоцентарот, мониторингот на работата на општините и вклучувањето на граѓаните за време на здравствената криза, го реализира во соработка со граѓанските организации од Крива Паланка, Велес и Неготино - Спектар, Активо и СПО Кул...
Pin It

Home » Активности, Важни, Граѓанска сцена » КОВИД-19 не смее да ја укине поддршката за граѓанските организации

Локалните власти на Велес, Крива Паланка и Неготино, во вториот месец од вонредната состојба и постепеното олабавување на мерките за заштита, ги намалија активностите и информациите поврзани со пандемијата предизвикана од КОВИД-19. Кризните штабови поретко се состануваат, а општинската администрација започна со редовна работа, во согласност со препораките и протоколите на Владата. Донациите, исто така, се намалија, додека спроведените јавни набавки најчесто се со мала вредност или се со поедноставена отворена постапка.

Заради здравствената криза дел од општините ги ревидираат и ги кратат буџетските средства за определени области, како на пример, културата и финансиската поддршка на граѓанските организации. Општина Крива Паланка веќе донесе одлука годинава да не издвојува средства за локалните граѓански организации, а општина Велес доцни со одлуката за распределба на средства наменети за граѓанските организации.

Иако, општините од една страна, располагаат со ограничени финансиски средства, а од друга страна се соочени со големиот предизвик да се справат со постојната здравствена криза, сепак, препорачуваме поддршката за локалните граѓански организации да не секнува. Укинувањето или задоцнетата финансиска поддршка дополнително ќе го заслабне локалниот граѓански активизам и ќе ги оневозможи граѓанските организации да им даваат помош и услуги на ранливите категории граѓани, но и да работат на проблеми кои се исклучително важни/ суштински и во време на криза, како на пример, доброто владеење, инклузивноста, транспарентноста и отчетноста на властите и на институциите, културата, заштита на животната средина. Секако, доделувањето финансиска поддршка треба да се одвива според јасни и транспарентни критериуми и процедури, како и да не се практикува пред и за време на избори.

Едновремено, препорачуваме општините Крива Паланка и Велес засилено да го поттикнуваат активното функционирање на месните заедници како основна форма на вклучување на граѓаните во процесите на консултација, креирање и спроведување на локалните политики. Комуникацијата со претседателите на месните заедници треба да биде постојана, а што се однесува, пак, до општина Неготино, препорачуваме локалните власти што побрзо да го започнат процесот на формирање месни заедници особено во руралните средини.

НВО Инфоцентарот, мониторингот на работата на општините и вклучувањето на граѓаните за време на здравствената криза, го реализира во соработка со граѓанските организации од Крива Паланка, Велес и Неготино – Спектар, Активо и СПО Кул, и се однесува на периодот април – мај 2020 година. Оваа активност се спроведува во рамки на проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“, финансиски поддржан од Меѓународниот центар „Улоф Палме“ од Шведска.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top