Резултатите од истражувањето на медиумите во 2017 година, во однос на претходната, покажуваат дека постои подобрување во степенот на застапеноста на истражувачките и на аналитичките новинарски текстови во македонските медиуми, но дека тој процент сѐ уште е загрижувачки мал. Оттука, може да се оцени дека останува потребата од активности што ќе влијаат врз одлуките во редакциите да се зголеми присуството на истражувачките и аналитички текстови како најмоќно средство што им стои на располагање на медиумите за заштита на јавниот интерес
Види повеќе »Суштината на демократските системи лежи во механизмот на контрола и повратна спрега (checks-and-balances) кој се рефлектира врз работењето во секое поле на дејствување на регулаторните и надзорните тела бидејќи клучна карактеристика на демократските системи е квалитетната контрола во насока на заштита на јавниот интерес. Во таа смисла, доколку се спроведува системот на контрола, корупцијата и недоследното работење во областа што се контролира би биле минимизирани. Имајќи го предвид ова, Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) и партнерските организации: НВО Инфоцентар, Транспарентност Македонија и Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, со проектот „Мониторинг на
Види повеќе »Тријазичната публикација, на македонски, албански и англиски јазик, е компилација од анализи и извештаи изработени и публикувани во рамките на проектот „Слобода за слободата на изразување“. Публикацијата ги содржи анализата „Слободата на изразување и здружување во медиумите“ која го опфаќа известувањето на медиумите за темите поврзани со слободата на изразување и слободата на здружување, во периодот 15јануари – 25 декември 2015 година и 15 јануари – 30 јуни 2016 година; документот „Слободата на изразување наспроти навредата и клеветата“ кој претставува пресек на судските случаи за навреда и клевета, со посебен фокус на нивното влијание врз
Види повеќе »Резултатите од истражувањето на медиумите за застапеноста и за квалитетот на истражувачките и на аналитичките новинарски текстови во Македонија покажуваат дека овие два жанра се многу малку застапени и неоправдано отсутни од медиумските содржини на традиционалните медиуми. Оттука, можеме да оцениме дека исклучително малата застапеност на истражувачките стории е дури и загрижувачка, ако се има предвид фактот дека истражувачкото новинарство е најмоќното средство што им стои на располагање на медиумите за заштита на јавниот интерес. Имено, денес и покрај глобалната инклинација на медиумите кон површност и сензационализам, длабоко се вкоренети очекувањата дека медиумите треба да бидат чувари на јавниот интерес
Види повеќе »Истражувањето е базирано на деск-анализа и на интервјуа со стручњаци, креатори на јавното мислење и политичари. Во подготовката на овој документ учествуваа: м-р Бојан Маричиќ, м-р Љупчо Петковски, Билјана Бејкова и Христена Антовска Јованчева
Види повеќе »Во публикација се поместени четирите анализи посветени на: комуникациските методи, алатки и пораки на извршната власт; комуникацијата на Владата во случајот „Македонска банка“; говорите на премиерот Никола Груевски и владините медиумски кампањи, спроведени во текот на 2014 година, во рамките на проектот „Владата информира или пропагира?“
Види повеќе »Aнализа претставува обид да се согледаат причините заради кои Пописот 2011 не успеа во Македонија, но уште повеќе да се согледаат причините заради кои пописот на населението е исклучителна важна статистичка операција за државата и за нејзиниот развој
Види повеќе »Публикацијата „Слобода е…“ претставува преглед на активностите и постигнувањата на младите активисти, вклучени во проектот „Млади промотори на слободата на изразувањето“финансиран од Европската Унија, преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР). Двојазичната публикација, испечатена во тираж од 200 примероци, ја раскажува приказната на четириесетина млади креативни активисти, кои преку есеи, кампањи, радио прилози и кратки документарни филмови, ја промовираа слободата на изразување, борбата против говорот на омраза и човековите права. Слободен си – Изрази се!
Види повеќе »Книгата „Водич на мислителот за логички грешки – уметноста на менталните итроштини и манипулацијата“,од авторите Ричард Пол и Линда Елдер, претставува своевиден прирачник за препознавање на манипулациите во јавната сфера и развој на критичкото мислење
Види повеќе »Анализата „МРТ – јавен сервис на граѓаните?“ е обид да се утврди дали и колку Македонската телевизија ги исполнува функциите на јавен радиодифузен сервис и, секако, да поттикне јавна општествена дебата за улогата и функционирањето на јавниот радиодифузен сервис во Република Македонија. НВО Инфоцентарот, во партнерство со Центарот за развој на медиуми, во периодот септември 2012 – јануари 2013 година, направи длабинска анализа на работењето на Македонската радиотелевизија (МРТ) и на нејзините телевизиски програми: МРТ1, МРТ2 и Собраниски канал
Види повеќе »© 2018 НВО Инфоцентар™
Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics