Архива за Категорија ‘Мониторинг на Медиуми’

  • Медиумско огледало, април 2006: Предвремената изборна кампања – виновник за застојот во реформите!

    на јун 1, 06 • во Мониторинг на Медиуми

    Стравот на јавноста од евентуалниот долгорочен застој во проширувањето на ЕУ, по приемот на Романија и Бугарија, во македонскиот медиумскиот простор изби во преден план. Медиумите, под влијание на неповолните оценки објавени во „Економист“ и „Фајненшл тајмс“, се несигурни и непрецизни во своите ставови и наизменично сугерираат и песимизам и оптимизам, но најчесто наддаваат (мешетарат, фиктивно арбитрираат) со перспективите на Македонија во процесот на евроинтегрирањето.   Респектирајќи го значењето на ставовите на европските институции, медиумите го креираат имиџот на ЕУ како „големиот арбитер“ во процесите и случувањата во македонската политика – и на внатрешен и

    Види повеќе »
  • Медиумско огледало, март 2006: Ерван Фуере и Оли Рен – миленици на медиумите во Македонија

    на апр 26, 06 • во Мониторинг на Медиуми

    Медиумите во Македонија најголемо внимание им посветуваат на евроинтегративните процеси на земјата и на македонско-косовските односи.   За медиумите веќе нема дилеми дека позициите на Македонија во европската интеграција директно се врзуваат со регуларноста на претстојните парламентарни избори и во овој контекст тие  го анализираат поведението на субјектите од домашната политичка сцена, како и улогата и однесувањето на факторите од меѓународната политика. Медиумите многу малку или воопшто не ја третираат темата за сопствената улога  во тој процес.   Стравот (но и ставот) на некои медиуми од „воскреснувањето на СФРЈ“, но и од тоа дека „ЦЕФТА е алтернатива за

    Види повеќе »
  • Медиумско огледало: Косово и Хаг ги поделија медиумите по етничка основа!

    на мар 29, 06 • во Мониторинг на Медиуми

    Македонските медиуми најголемо внимание им посветуваат на односите на Македонија со Косово и со Хашкиот трибунал, како и на иницијативата на ЕУ за слободна трговска зона на Балканот. Постојат видливи разлики меѓу медиумите на македонски и медиумите на албански јазик

    Види повеќе »
  • Медиумско Огледало: Многу шпекулации – малку факти!

    на фев 26, 06 • во Мониторинг на Медиуми

    Сугестивниот и манипулативниот пристап кон информациите и фактите кај голем дел од телевизиите се забележува уште во самите најави на прилозите. Најавите се многу долги, обременети се со коментари пред да бидат изнесени фактите и аргументите во самиот прилог и неретко имаат тенденциозен (алармирачки, критички, негирачки, навивачки ...) карактер. Ваквите најави не само што го отежнуваат препознавањето на новинарскиот жанр, туку уште повеќе го отежнуваат препознавањето на фактите, аргументите и на изворите на информации. Начинот на кој определени медиуми ги „пакуваат“ најавите не придонесува кон објективното информирање на граѓаните

    Види повеќе »
  • Нерамноправна застапеност на политичките субјекти во медиумите !

    на јан 31, 06 • во Мониторинг на Медиуми

    Во медиумите во Македонија доминираат написи и прилози за односите на Македонија со Европската унија. Кај повеќето јавни гласила преовладува незадоволството од воздржаноста на Франција во однос на кандидатурата на Македонија. Според медиумите, стандардната „грчка пречка“ не само што изостана, туку Грција, поради свои геополитички и геостратешки интереси, на извесен начин ја поддржа македонската кандидатура. Наспроти тоа, таканаречената „српско-француска врска“ се наведува како пречка за македонското напредување во евроинтегративните процеси

    Види повеќе »
  • За медиумите и јавноста најважна – финансиската страна на евроинтеграцијата

    на дек 19, 05 • во Мониторинг на Медиуми

    (English) We have pleasure to introduce you the Third Issue of the “Media Mirror”, a continuing program for monitoring the media in the Republic of Macedonia. This Issue covers the period from October 31 until November 27,

    Види повеќе »
  • Медиумско огледало – извештај за септември 2005

    на окт 27, 05 • во Мониторинг на Медиуми

    Медиумите во Република Македонија, во следењето на општествено-политичките процеси и настани, и натаму, користат загрижувачки висок степен на анонимни извори. Ваквата тенденција бележи пораст и медиумите најчесто не ја наведуваат причината заради која се повикуваат на непрецизни и анонимни извори на информации.   Ова е една од главните констатации на квалитативниот мониторинг на медиумите, за септември, 2005 година, спроведен во рамките на „Медиумското огледало“ – програма за редовно набљудување на медиумите во Македонија, на НВО Инфоцентарот. Медиумите, во периодот опфатен со оваа анализа (5 септември – 1 октомври), од тематските области што ги следи мониторингот,

    Види повеќе »
  • Квалитативен мониторинг на медиумите во Македонија

    на окт 5, 05 • во Мониторинг на Медиуми

    НВО Инфоцентарот во рамките на своите заложби за постојана двонасочна комуникација и соработка со медиумите, започна со програма за редовен мониторинг на медиумите во Република Македонија - „Медиумско огледало“ .   „Медиумско огледало“ ќе се обиде да даде слика за тоа дали медиумите ги почитуваат професионалните стандарди и критериуми на информирање, но и за начинот на кој тие ги следат и интерпретираат клучните општествени процеси и настани.   За потребите на овој мониторинг, прв од ваков вид во државава, во изминатите неколку месеци е изготвена посебна методологија, која беше тестирана од страна на тимот составен од уредник, аналитичари и монитори. Резултатите од пилот-фазата

    Види повеќе »
Scroll to top