Настаните во текот на 2013 година, поврзани со медиумската сцена недвосмислено потврдуваат дека во Македонија, состојбата со слободата на изразување и слободата на медиумите континуирано се влошува
Види повеќе »Медиумите, генерално, во информирањето (не)свесно применуваат техники со кои се зајакнуваат постојните стереотипи, се репродуцираат предрасудите и се стимулираат емоциите на публиката
Види повеќе »Ваквото поведение на медиумите и на власта, за време на изборите, недвосмислено ги потврдува констатациите на релевантните домашни, но и меѓународни институции и организации, дека во Македонија слободата на медиумите секојдневно, засилено се влошува
Види повеќе »Анализата покажа дека, две недели пред официјалниот почеток на изборната кампања, власта со поддршка на поголемиот дел од медиумите е веќе влезена во изборна кампања за претстојните Локални избори
Види повеќе »Медиумско огледало, јануари – февруари 2013 НВО Инфоцентарот, со финансиска поддршка на Фондацијата отворено општество Македонија (ФООМ), во рамките на програмата „Медиумско огледало“, спроведе мониторинг на информирањето на медиумите за теми и настани поврзани со слободата на медиумите и слободата на изразување. Овој извештај се однесува на периодот 1 јануари – 6 февруари 2013 година и вклучува: седум дневни весници („Утрински весник“; „Дневник“; „Вест“; „Вечер“; „Нова Македонија“, „Фокус“ и „Ден “), централните информативни емисии на седум телевизии со национална и сателитска концесија („24 Вести“; „Канал 5“; „Сител“; „Телма“; „МРТ1“; „Алфа“ и „АлсатМ“) и шест информативни интернет портали
Види повеќе »Во периодот опфатен со мониторингот (септември-ноември 2012), Европската комисија (ЕК) го објави својот годишен Извештај за напредокот на Македонија кој, како и изминатите години, окупираше најголем дел од вниманието на медиумите. Карактеристично за оваа година е тоа што речиси целосно изостана каква било анализа за напредокот на Македонија во различни области на кои се однесува Извештајот
Види повеќе »Повеќето медиуми најголем дел од медиумскиот простор му отстапија на некритичкото пренесување изјавите на политичарите, на сметка на известувањето и коментирањето за конкретните реформи предвидени во ПДВН
Види повеќе »Поголемиот дел од медиумите активно застанаа во одбрана на агендата на власта, која овој дијалог сакаше да го претстави како голем исчекор на планот на европската интеграција на Македонија. Повеќето од медиумите не го отворија прашањето зошто дијалогот се отвара дури оваа пролет, иако претседателот на Европската комисија, Баросо, го најави за минатата есен и некритички ги пренесуваа владините толкувања дека целиот процес се случува на иницијатива на македонската влада
Види повеќе »За разлика од минатата година, кога поголем дел од медиумите зазедоа активна позиција во наметнувањето на релевантните теми од Извештајот, годинава медиумите помалку аналитички известуваа и коментираа за клучните проблематични подрачја како што се: независноста на судството, реформата на јавната администрација, слободата на медиумите и борбата против корупција. Медиумите повторно наметнаа теми како (не)употребата на придавката „македонски“ во Извештајот, праќањето писма од страна на разни здруженија, институции и поединци до еврокомесарот за проширување, Штефан Филе, како и масовното потпишување на т.н. Манифест на Македониумот. Огромен простор медиумите му посветија и на интервјуто на Премиерот за
Види повеќе »НВО Инфоцентарот, во периодот од 10 февруари до 31 март, и од 1 октомври до 7 декември 2011 година, спроведе мониторинг на информирањето на медиумите за процесот поврзан со тужбата на Македонија пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг
Види повеќе »© 2018 НВО Инфоцентар™
Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics