Првиот извештај ги содржи наодите од мониторингот на известувањето на јавниот радиодифузен сервис во рамки на централната информативна програма Дневник 2, на првиот програмски канал – МРТ1, во периодот од 17 до 30 октомври 2016 година
Види повеќе »Непосредно после граѓанските протести на 5 мај 2015, континуирната хајка против граѓанските организации зеде дополнителен замав и провладините медиуми директно ги обвинуваа и ги напаѓаа граѓанските активисти дека сакаат насилно да ја урнат актуелната власт, дека ја дестабилизираат државата и дека се платеници на странски служби
Види повеќе »Додека критичките медиуми редовно информираат за актуелните настани и процеси поврзани со слободата на информирање и на изразување, провладините медиуми овие настани и процеси речиси комплетно ги игнорираат и се обидуваат да создадат слика за тоа дека во Македонија нема никакви нарушувања на слободата на медиумите
Види повеќе »Македонската радиотелевизија, целосно и во континуитет, потфрла во својата улога на јавен радиодифузен сервис на граѓаните на Република Македонија. Ниту во случајот Кежаровски, ниту во случајот со штрајкот на СОНК, ниту пак, во случајот со кривичната пријава против Заев, МРТ не го застапува јавниот интерес, туку се става во функција на пропагандната машинерија на власта, и тоа како директен актер и инструмент на владината пропаганда
Види повеќе »Овој медиум не се грижи за јавниот интерес и наместо професионално и непристрасно да информира за настани од исклучително општествено значење како што се на пример, студентските протести, се обидува комплетно да ги маргинализира и да ги етикетира во пропагандистичко- манипулативниот манир на комерцијалните провладини медиуми
Види повеќе »НВО Инфоцентарот, во рамките на Програмата на УСАИД за јакнење на независните медиуми и Проектот за одговорни медиуми и законодавни реформи во медиумската сфера кој го спроведува Центарот за развој на медиуми, реализира постојан мониторинг и анализа на јавната дебата во медиумите. Оваа анализа ја опфаќа примената на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, како и случаите за навреда и клевета во кои се вклучени новинари и медиуми. Во мониторингот се вклучени 16 традиционални и нови медиуми – весници: Утрински весник, Нова Македонија, Дневник, Слободен печат и Вечер; неделници:Фокус; телевизии (централни информативни емисии)
Види повеќе »НВО Инфоцентарот, во рамките на Програмата на УСАИД за јакнење на независните медиуми и Проектот за одговорни медиуми и законодавни реформи во медиумската сфера кој го спроведува Центарот за развој на медиуми, реализира постојан мониторинг и анализа на јавната дебата во медиумите. Оваа анализа ја опфаќа примената на Законот за медиуми и Законот за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги, како и темите поврзани со медиумските слободи и слободата на изразување воопшто. Во мониторингот се вклучени 16 традиционални и нови медиуми – весници: Утрински весник, Нова Македонија, Дневник, Слободен печат и Вечер; неделници:Фокус; телевизии (централни информативни
Види повеќе »НВО Инфоцентарот, во рамките на својата програма за континуирано следење и анализирање на медиумите „Медиумско огледало“, во периодот од 1 јануари до 31 јули 2014 година, редовно го мониторираше медиумското покривање на активностите на граѓанскиот сектор во Македонија
Види повеќе »Критичките медиуми во континуитет ги следат случаите за навреда и клевета против новинарите, како и другите форми на загрозување на слободата на изразување. Нивното вклучување во поддршката на акцијата за солидарност со новинарите на Фокус имаше значаен придонес во нејзината успешна реализација и навременото собирање на потребните средства за плаќање на досудениот надомест
Види повеќе »Во информирањето на медиумите недостига аналитичкиот аспект на обработка на темите. Новинарите главно ги пренесуваат изјавите и ставовите на домашните и странските актери од областа на медиумите, како и на домашните и странски политичари. Со други зборови, вести и извештаи има редовно, коментари има спорадично, а анализи речиси и да нема
Види повеќе »© 2018 НВО Инфоцентар™
Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics