Архива за Категорија ‘Анализи’

  • Извештај бр.1: Мониторинг на корупцијата во Република Македонија

    на мај 22, 18 • во Анализи

    Untitled

    Транспарентност Македонија (ТМ), во соработка со НВО Инфоцентарот, го објави првиот мониторинг извештај за корупцијата во Република Македонија. Извештајот ја опфаќа состојбата со корупцијата и транспарентноста во македонското општество, во периодот јануари – април 2018 година и претставува почетна основа за континуираното набљудување во наредните три години

    Види повеќе »
  • Граѓански мониторинг на Народниот правобранител

    на апр 27, 18 • во Анализи, Публикации

    31131249_1862834600436037_4710847200434053972_n

    Народниот правобранител е најважната и клучна независна државна институција која треба да ги промовира и штити човековите права на граѓаните во Република Македонија. Имајќи го предвид ова, НВО Инфоцентарот, во соработка со Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, во рамки на проектот „Граѓанско набљудување на Народниот правобранител“, од декември 2016 година, континуирано ја набљудува работата на Народниот правобранител. Оваапубликација ги опфаќа извештаите (со мали надополнувања) објавени во периодот: декември 2016 – декември 2017 година, кои се однесуваат на: -       Измените и дополнувањата на Законот за Народен правобранител што стапија на сила во март

    Види повеќе »
  • Завршен извештај за работата на АВМУ и АЕК

    на апр 5, 18 • во Анализи

    bb4f303cd15a05d3141c7443

    Read the Final report on the monitoring of the work of AVMS and

    Види повеќе »
  • Презентиран петтиот квартален извештај за работата на АВМУ и АЕК

    на фев 23, 18 • во Активности, Анализи

    5

    На настанот, говореа Дејан Георгиевски, Извршен директор на Центар за развој на медиуми, доц. д-р Даниела Мамучевска, УКИМ – Економски Факултет – Скопје, Горан Лазаров, Проектен координатор од ЕВРОТИНК, Билјана Бејкова, Извршна директорка на НВО Инфоцентар. Модератор ќе биде Александар Колекески, Раководител за програмски развоj на ЕВРОТИНК

    Види повеќе »
  • Презентиран четвртиот мониторинг извештај за работата на АВМУ и АЕК

    на дек 15, 17 • во Активности, Анализи

    5bece38a36c9ab2578005586

    Подобрување во транспарентноста, независноста и ефикасноста, но сеуште видливоста на двете регулаторни тела е слаба – ова се генералните заклучоци од презентацијата на четвртиот квартален извештај кој се однесува на работата на двете регулаторни тела, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни меидиумски услуги и Агенцијата за електронски комуникации - АВМУ и на АЕК, а кој се однесува на периодот јули – септември 2017 година

    Види повеќе »
  • Омбудсманот меѓу институциите и граѓаните

    на ное 21, 17 • во Активности, Анализи

    Untitled

    Народниот правобранител е перципиран како транспарентна и отворена институција, од страна на граѓаните, граѓанските активисти и новинарите. Сепак, досегашното искуство покажува дека граѓаните сѐ уште не се доволно информирани за неговите надлежности и неговата улогата во заштитата на човековите слободи и права

    Види повеќе »
  • Анализа на резултатите од мониторинг на известувањето на медиумите за 2017 година

    на ное 17, 17 • во Анализи, Публикации

    Analiza 2017 [ Cover ]

    Резултатите од истражувањето на медиумите во 2017 година, во однос на претходната, покажуваат дека постои подобрување во степенот на застапеноста на истражувачките и на аналитичките новинарски текстови во македонските медиуми, но дека тој процент сѐ уште е загрижувачки мал. Оттука, може да се оцени дека останува потребата од активности што ќе влијаат врз одлуките во редакциите да се зголеми присуството на истражувачките и аналитички текстови како најмоќно средство што им стои на располагање на медиумите за заштита на јавниот интерес

    Види повеќе »
  • Презентиран третиот квартален извештај за работата на АВМУ и АЕК

    на сеп 28, 17 • во Активности, Анализи

    avmu

    Евротинк – Центар за европски стратегии, НВО Инфоцентар, Транспарентност Македонија и Хелсиншкиот комитет за човекови права, го презентира третиот мониторинг извештај за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), во рамки на проектот „Мониторинг на ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела за медиумите – PROformance Watch“

    Види повеќе »
  • Презентиран вториот квартален извештај за работата на регулаторните тела – АВМУ и АЕК

    на јун 29, 17 • во Активности, Анализи

    19437272_10155431512581449_683585664220143241_n

    АЕК нема информации како и според кои критериуми ги доделува донациите, АВМУ има проблем околу политчката/партиска наклонетост на Советот. Ова се само дел од недостатоците при работа нотирани при Вториот квартален извештај за работата на регулаторните тела

    Види повеќе »
  • Граѓански мониторинг на Народниот правобранител: Омбудсманот – меѓу мандатот и капацитетите

    на мај 16, 17 • во Активности, Анализи

    Untitled

    Jазот меѓу законската и фактичката состојба на Народниот правобранител во Република Македонија, покажува дека досегашната власт само формално била и е заинтересирана за унапредување на положбата на оваа институција и за спроведување на препораките од меѓународната заедница. Ваквата состојба мора да биде надмината во најскоро време односно мора да постои реална политичка волја која ќе му овозможи на Народниот правобранител непречено, независно и стручно да ги развива своите капацитети и на тој начин, успешно и ефикасно да ги промовира и штити човековите права на сите граѓани во Република Македонија

    Види повеќе »
Scroll to top