За да ја поттикне јавната дебата за вистинското значење на пописот, како и за нужноста од негово итно спроведување, НВО Инфоцентарот заедно со Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО), Центарот за развој на медиуми (ЦРМ) и 8-ми Септември, а со финансиска поддршка на Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ), организира двочасовна дебата: „Пописот е демократија, а не само етничка бројка!“. Дебатата ќе се одржи на 2 јуни 2014, понеделник, со почеток во 11 часот, во културниот центар „Љоја“, во Тетово. Дискусијата ќе ја модерира Билјана Бејкова од НВО Инфоцентарот, а панелисти ќе бидат Љупчо Петковски од МЦЕО, д-р
Види повеќе »Анализата на содржините објавени во медиумите, а креирани во Владата, недвосмислено покажува дека во комуникацијата на извршната власт со јавноста, информирањето на граѓаните за политиките од јавен интерес, не е во преден план. Оваа комуникација е примарно во насока на убедување на граѓаните дека Владата е „успешна и безгрешна“, односно дека е „тефлон“ - извршна власт на која не се лепи ниту една грешка, ниту еден неуспех, ниту еден скандал, а во која успешно се „готват“ и спроведуваат политики по мерка на секој граѓанин. Законската обврска за информирање на јавноста е претворена во пропагандно - индоктринирачка активност, чија главна цел е создавање позитивен имиџ за власта, како во медиумите, така и во јавноста
Види повеќе »Граѓаните се свесни што се случува во општеството, но се исплашени и затоа молчат. Исплашени се сите, и младите, и новинарите, и уметниците и интелектуалците
Види повеќе »Како дел од активностите за одбележување десетгодишнината од своето постоење, НВО Инфоцентар организираше промоција на книгата „Водич на мислителот за логички грешки – уметноста на менталните итроштини и манипулацијата“,од авторите Ричард Пол и Линда Елдер
Види повеќе »Денеска, точно на пладне, на улицата Македонија во Скопје се отвори првиот ѕид за јавно изразување, на тема „Слобода е...“, на кој случајните минувачи ќе можат слободно да напишат што за нив претставува слобода
Види повеќе »Анализата „МРТ – јавен сервис на граѓаните?“ е обид да се утврди дали и колку Македонската телевизија ги исполнува функциите на јавен радиодифузен сервис и, секако, да поттикне јавна општествена дебата за улогата и функционирањето на јавниот радиодифузен сервис во Република Македонија. НВО Инфоцентарот, во партнерство со Центарот за развој на медиуми, во периодот септември 2012 – јануари 2013 година, направи длабинска анализа на работењето на Македонската радиотелевизија (МРТ) и на нејзините телевизиски програми: МРТ1, МРТ2 и Собраниски канал
Види повеќе »© 2021 НВО Инфоцентар™
Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics