Архива за Категорија ‘Активности’

  • Дебата во Скопје: Пописот е демократија, а не само етничка бројка!

    на јун 23, 14 • во Активности

    Popis Vednas SKOPJE

    Во рамките на кампањата „Попис веднаш!“, НВО Инфоцентарот заедно со Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО), Центарот за развој на медиуми (ЦРМ) и 8-ми Септември, организира дебата: „Пописот е демократија, а не само етничка бројка!“. Дебатата ќе се одржи на 25 јуни 2014, среда, со почеток во 11 часот, во ГЕМ клубот, во Старата скопска чаршија

    Види повеќе »
  • ПР на Влада: Случај „Македонска банка“

    на јун 19, 14 • во Активности, Анализи, Важни

    makedonska_banka

    Анализита на соопштенијата, реакциите, интервјуата и содржините објавени во медиумите, а креирани во Владата и владејачката партија, и овој пат, недвосмислено покажуваат дека комуникацијата на власта со јавноста не е во насока на информирање на граѓаните, туку е исклучиво во насока на убедување на граѓаните дека владата, а особено нејзините први луѓе, се успешни и безгрешни, односно власт на која не можат и не смеат да ѝ се припишат неуспеси, скандали и афери

    Види повеќе »
  • Пописот не им оди во прилог на политичките елити

    на јун 10, 14 • во Активности

    debata Bitola

    Македонија е една од ретките земји во светот што нема спороведено попис на населението, иако има обврска  тоа да го прави на секои 10 години. Оваа исклучително значајна статистичка операција политичките елити во државата ја сведоа на етничко пребројување, а пописот во 2011 година беше неуспешен затоа што стана заложник на политиката, посочуваат граѓанските организации и експертите. -Ние сме една од малкуте држави која што нема извршено попис. Знаеме каква е политичката ситуација во Босна и Херцеговина, но попис беше спроведен дури и таму. И таму има тензии и тие се исполитизирани, она што всушност 

    Види повеќе »
  • Пописот е основа за креирање политики во сите области

    на јун 5, 14 • во Активности

    za web

    Пописот не значи пребројување на населението по етничка основа, туку е статистичка операција која дава увид во состојбата на теренот и обезбедува релевантни податоци врз основа на кои ќе се креираат понатамошните политики и стратегии во сите области, оваа поента беше истакната на вчерашната дебата во Струмица „Пописот е демократија, а не само етничка бројка“

    Види повеќе »
  • Со дебата во Тетово започна кампањата „Попис веднаш“

    на јун 2, 14 • во Активности

    za web

    Зошто во Македонија не може да се спроведе регуларен попис и зошто тој се гледа главно низ етничката призма беа главните прашања кои се дискутираа на денешната дебата во Тетово насловена „Пописот е демократија, а не само етничка бројка!“

    Види повеќе »
  • Започнува кампањата „Попис веднаш!“

    на јун 1, 14 • во Активности

    Пописот е исклучително значајна и суштинска статистичка операција која Македонија мора да ја спроведе. Неговото натамошното одложување штетно влијае врз угледот на државата, но уште повеќе го оневозможува планирањето и спроведувањето на успешни развојни политики во сите сфери на општеството. Без попис нема успешни политики во економијата, енергетиката, инфраструктурата, здравството, образованието, социјалата, руралниот и регионалниот развој, земјоделството. Исто така, пописот претставува и основен предуслов за реален избирачки список

    Види повеќе »
  • Дебата: Пописот е демократија, а не само етничка бројка!

    на мај 30, 14 • во Активности

    za veb

    За да ја поттикне јавната дебата за вистинското значење на пописот, како и за нужноста од негово итно спроведување, НВО Инфоцентарот заедно со Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО), Центарот за развој на медиуми (ЦРМ) и 8-ми Септември, а со финансиска поддршка на Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ), организира двочасовна дебата: „Пописот е демократија, а не само етничка бројка!“. Дебатата ќе се одржи на 2 јуни 2014, понеделник, со почеток во 11 часот, во културниот центар „Љоја“, во Тетово. Дискусијата ќе ја модерира Билјана Бејкова од НВО Инфоцентарот, а панелисти ќе бидат Љупчо Петковски од МЦЕО, д-р

    Види повеќе »
  • Владата информира или пропагира?

    на апр 21, 14 • во Активности, Анализи, Важни

    what-is-public-relations

    Анализата на содржините објавени во медиумите, а креирани во Владата, недвосмислено покажува дека во комуникацијата на извршната власт со јавноста, информирањето на граѓаните за политиките од јавен интерес, не е во преден план. Оваа комуникација е примарно во насока на убедување на граѓаните дека Владата е „успешна и безгрешна“, односно дека е „тефлон“ - извршна власт на која не се лепи ниту една грешка, ниту еден неуспех, ниту еден скандал, а во која успешно се „готват“ и спроведуваат политики по мерка на секој граѓанин. Законската обврска за информирање на јавноста е претворена во пропагандно - индоктринирачка активност, чија главна цел е создавање позитивен имиџ за власта, како во медиумите, така и во јавноста

    Види повеќе »
  • Граѓаните знаат, но се плашат

    на дек 2, 13 • во Активности

    20131202_132149

    Граѓаните се свесни што се случува во општеството, но се исплашени и затоа молчат. Исплашени се сите, и младите, и новинарите, и уметниците и интелектуалците

    Види повеќе »
  • Промовирана книгата „Водич на мислителот за логички грешки“

    на ное 1, 13 • во Активности

    10612027643_2f9c1b241c_z

    Како дел од активностите за одбележување десетгодишнината од своето постоење, НВО Инфоцентар организираше промоција на книгата „Водич на мислителот за логички грешки – уметноста на менталните итроштини и манипулацијата“,од авторите Ричард Пол и Линда Елдер

    Види повеќе »
Scroll to top