СИТНАТА КОРУПЦИЈА НЕ Е НЕВИДЛИВА ТАА ЈА ПОВЛЕКУВА КОРУПТИВНАТА СПИРАЛА „Не потклекнувајте, не бидете дел од ланецот на корупција. Вискито за лекарот или кафето за службеникот можеби изгледаат благодарно или ситно, но тие во темел го поткопуваат општеството, ја хранат и поддржуваат крупната корупција, во сите сфери и на сите нивоа.“ НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА СИТЕ ВИДОВИ КОРУПЦИЈА. ПРИЈАВЕТЕ КОРУПЦИЈА, БОРЕТЕ СЕ ПРОТИВ НЕА! Видеото е подготвено со финансиска поддршка од Европската Унија, во рамките на проектот „Граѓанските организации и медиумите против корупцијата-Коалиција за нула толеранција“. За содржината се единствено одговорни Транспарентност Македонија и НВО Инфоцентарот
Види повеќе »Во рамките на проектот „Граѓанско набљудување на народниот правобранител“, вчера во Куманово се одржа јавниот настан „Народниот правобранител и локалната власт: Подобра соработка за поголема заштита на правата на граѓаните“. На настанот говореа народниот правобранител Иџет Мемети, градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски и заменикот народен правобранител, Насер Весели. Отворајќи ја средбата, градоначалникот Димитриевски истакна дека граѓаните имаат инфраструктурни проблеми,особено во руралните средини, но додаде дека и во Куманово се почитуваат правата на граѓаните и слободите, потсетувајќи дека во кумановскиот совет, советниците можат да користат четири јазици, македонски, албански, српски и ромски. Мемети, во однос
Види повеќе »Дебатата „Перспективите на истражувачкото новинарство“ која се одржи на 24 јануари 2019 година во Скопје ги вклучи сите засегнати страни кои оценија дека се потребни натамошни напори за поддршка на квалитетното новинарство. Дебатата беше завршен настан на тригодишниот проект Истражувачко новинарство за поттикнување реформи, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Центарот за граѓански комуникации, НВО Инфоцентар и БИРН. „Потребно е постојано вложување во новинарство кое го штити јавниот интерес и е коректив на властите во остварување на поставените реформски приоритети. Овој проект беше насочен кон зголемување на знаењето и вештините на македонските новинари, креирање
Види повеќе »НВО Инфоцентар во текот на 2019 година, ќе соработува со десет граѓански организации од пет општини: Крива Паланка, Кавадарци, Кратово, Теарце, Маврово и Ростуше, во насока на зајакнување на капацитетите за мобилизација на граѓаните и нивно активно учество во креирањето и спроведувањето политики на локално ниво
Види повеќе »Настанот беше фокусиран на можностите за унапредување на капацитетите на Градот и на граѓанските организации, за зголемено искористување на ЕУ фондовите, во служба на стратешките развојни приоритети на Градот Скопје. На дебатата се дискутираше и за унапредувањето на моделите и активностите за подобрување и засилување на меѓусебната соработка меѓу Градот и граѓанскиот сектор
Види повеќе »НВО Инфоцентар и Транспарентност Македонија, на 21 декември 2018 година, организираа тематски форум на кој се дискутираше за ефикасните начини за борба против судирот на интереси
Види повеќе »Фокус на дискусијата беше улогата на Народниот правобранител како клучна институција во заштита на правата на граѓаните, и начините за подобрување на соработката на локалните власти, државните и јавните институции на локално ниво, со Народниот правобранител
Види повеќе »Четиринаесет граѓански организации бараат отчетност и одговорност за пропустите и неажурноста на институциите
Види повеќе »Евротинк – Центарот за европски стратегии, НВО Инфоцентар, Транспарентност Македонија и Хелсиншкиот комитет за човекови права, денеска го презентираа првиот периодичен мониторинг извештај за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), во рамки на проектот „Мониторинг на ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела за медиумите – PROformance Watch II“
Види повеќе »Омбудсманот, градоначалникот на Струмица, претставници на државните институции, активисти и новинари, дискутираа за подобрување на меѓусебната соработка за поголема заштита на правата на граѓаните
Види повеќе »© 2019 НВО Инфоцентар™
Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics