FOTO-PROTESTI

Анализа: Слободата на изразување и на здружување во медиумите во 2016

на јул 22, 16 • од

Во прилозите на провладините медиуми кои се однесуваат на Шарената револуција и на ГДОМ преовладува таканареченото манихејство односно пропагандистичката техника на контрасти: „црно - бело“, „добро - лошо“. „Црното“, „лошото“, „злото“ се опонентите на власта, во случајов олицетворени во Шарена револуција, Сорос, СДСМ, опозицијата, граѓанските активисти и самите граѓани кои учествуваат на протестите,...
Pin It

Home » Активности, Анализи, Анализи, Важни, Слобода за слободата на изразување » Анализа: Слободата на изразување и на здружување во медиумите во 2016

НВО Инфоцентарот во рамките на програмата „Застапување за слобода на изразување“, поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско општество, спроведуван од Фондацијата Отворено општество – Македонија, постојано ја следи состојбата со слободата на изразување и слободата на здружување во Република Македонија.

НВО Инфоцентарот ги набљудува граѓанските активности, ја следи работата на надлежните институции, а спроведува и мониторинг на информирањето на медиумите за темите поврзани со слободата на изразување и слободата на здружување.

Првата половина на 2016 година ја обележаа бројни настани поврзани со слободата на изразување, слободата на здружување и слободата на мирно изразување јавен протест на граѓаните на Република Македонија.

Во периодот од 15 јануари до 30 јуни, во 12-те мониторирани медиуми, објавени се вкупно 1.438 новинарски прилози посветени на граѓанскиот активизам или околу 240 прилози месечно односно во просек 8 прилози дневно.

ппита

Квалитативната анализа на медиумското известување во првото полугодие на 2016 година покажува дека медиумите кои имаат критички однос спрема власта и натаму редовно ги следат сите активности на Шарената револуција, на граѓанските организации  и на граѓаните во целина.

Тие постојано известуваат за настаните и процесите поврзани со протестите и другите граѓански инцијативи. Редовно информираат за сите форми на попречување или непочитување на слободата на изразување, здружување, информирање и јавно изрзување мирен протест. Во овој период преовладуваа прилози за протестите, барањата и другите случувања поврзани со Шарената револуција. Имаше информации и за протестите на ГДОМ, но тие беа во помал обем. Во известувањето на овие медиуми доминираат вести, извештаи, изјави, интервјуа, а поретко се објавуваат коментари и анализи.

Наспроти критичките, провладините медиуми имаат сосема поинаква диоптрија за  граѓанските протести, граѓанските организации и иницијативи. Нивните прилози се напаѓачки, демонизирачки, еднострани и во нив доминираат етикетирања, дисквалификации, лаги, манипулации и други пропагандистички алатки и техники. Во својата хајка, овие медиуми, одат дотаму што во прилозите кои главно немаат автор, објавуваат и манипулираат дури и со лични податоци и информации за активистите и граѓанските претставници (на пример, објави за годишните бруто лични примања на активистите и нивно директно поврзување со учеството на протестите, објавување на личните адреси на кои живеат активистите и др.).

Исклучок од ваквото информирање е забележан во однос на протестите на ГДОМ, кои за овие медиуми се единствените граѓански собири односно „собири на народот“. Информирањето за нив е ослободено од какви било етикетирања и критики, а тонот е главно афирмативен, поддржувачки и фаворизирачки.

Во прилозите на провладините медиуми кои се однесуваат на Шарената револуција и на ГДОМ преовладува таканареченото манихејство односно пропагандистичката техника на контрасти: „црно – бело“, „добро – лошо“. „Црното“, „лошото“, „злото“ се опонентите на власта, во случајов олицетворени во Шарена револуција, Сорос, СДСМ, опозицијата, граѓанските активисти и самите граѓани кои учествуваат на протестите, На спротивната страна, „белото“ односно „доброто“ го претставуваат ГДОМ, неговите приврзаници, власта и владејачките партии.

Уште од самиот почеток на Шарената револуција, провладините медиуми го продолжија и го засилија равенството меѓу протестите, граѓанските организации, Сорос, СДСМ, другите партии во опозиција и критичките медиуми. Во речиси секој прилог, ова  конструирано равенство се напаѓа и се демонизира. Исто така, се нагласува дека протестите не се граѓански, туку дека се организирани и контролирани од Сорос и од СДСМ. Едновремено, граѓанските организации и активисти добија епитет на „невладини на Сорос и СДСМ“, а самите протести и нивните учесници добија етикети на „хулигани“, „насилници“, „вандали“, „деструктивци“, „примитивци“, „плукачи“, „криминалци

Интересно е да се напомне дека за разлика од претходните години кога јавниот радиодифузен сервис беше исклучиво на линија на провладините медиуми и претставуваше пропагандистичка алатка во рацете на владејачките партии, во првата половина на 2016, во вестите на првиот телевизиски канал на Македонската радиотелевизија (МРТ) можат да се регистрираат информативни и неутрални прилози за граѓанските активности, во прв ред, за протестите (и на Шарената револуција и на ГДОМ). Сепак, прилозите за Шарената револуција се главно општи, формални и исклучително кратки. Во просек траат само триесетина секунди. Ваквиот начин на информирање на МРТ отстапува од нејзината пракса на пропагандистичко и провладино известување. Но тоа сѐ уште не ги задоволува критериумите за професионално, балансирано и сеопфатно информирање на граѓаните и ни оддалеку не ја исполнува законската обврска, МРТ постојано да го штити и застапува јавниот интерес на граѓаните.

 Во прилог е целиот тект на анализата Анализа-Медиуми и слобода на изразување 2016

Поврзани написи

One Response to Анализа: Слободата на изразување и на здружување во медиумите во 2016

Scroll to top