Analiza popis

Анализа: Пописот е демократија, а не само етничка бројка

на јул 8, 14 • од

Aнализа претставува обид да се согледаат причините заради кои Пописот 2011 не успеа во Македонија, но уште повеќе да се согледаат причините заради кои пописот на населението е исклучителна важна статистичка операција за државата и за нејзиниот развој...
Pin It

Home » Анализи, Важни, Публикации » Анализа: Пописот е демократија, а не само етничка бројка

Пописот на населението е исклучително значајна операција за една држава и тој ни оддалеку не се исцрпува со етничкото пребројување на населението. За статистичарите и демографите, пописот претставува најобемен и најсложена статистичка операција, која се спроведува според препораките на Обединетите нации (ООН)  и Евростат. Податоците од пописот се користат за разни цели, но притоа се води сметка да се обезбеди континуитет на податоците и нивно споредување со податоци од други земји и со податоци од претходните пописи.

Имајќи го предвид ова, Македонија мора да ги почитува препораките на ООН и Евростат. Како земја членка на Обединетите нации, Резолуцијата 2005/13, за нашата земја има обврзувачки карактер. Имајќи ја предвид стратешката определба на Македонија за членство во ЕУ и обврските за доставување податоци кон Евростат кои ги имаме како земја-кандидат, ЕУ регулативата 763/2008, иако, нема обврзувачки карактер секако треба да ја имаме предвид при планирање и спроведување на пописот.

Со други зборови, Македонија мора да спроведе попис. Неговото натамошното одложување штетно  влијае врз угледот на државата, но уште повеќе го оневозможува планирањето и спроведувањето на успешни развојни политики во сите сфери на општеството. Без попис нема успешни политики во економијата, енергетиката, инфраструктурата, здравството, образованието, социјалата, руралниот и регионалниот развој, земјоделството. Исто така, пописот претставува и основен предуслов за реален избирачки список.

За успешно реализирање на попис е потребна клима на доверба за која пак, е неопходна промена на поширокиот контекст на доверба во општеството. Најодговорна за спроведување на пописот е власта. Улогата на сите други засегнати страни, како на пример, опозицијата, граѓанското општество и медиумите, е важна, но е второстепена. Сите тие немаат одлучувачка моќ, туку, од нив може да дојде само јавниот притисокот, како и придонесот во создавањето на клима на доверба.

Затоа, за одржување на попис неопходна е политичката волја на власта, а потоа, јасна и прецизна законска рамка и секако, добра техничка подготовка и организација. Во спротивно, Македонија и натаму ќе остане една од малкуте земји во светот без спроведен редовен попис на населението.

Во прилог е целосниот текст на анализата: Анализа-Пописот е демократија а не само етничка бројка

издавач: НВО Инфоцентар

ISBN 978-608-4594-11-6

COBIS.MK-ID 96601610

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top