MRT analiza

Анализа на работењето и на програмите на МРТ – ЈАВЕН СЕРВИС НА ГРАЃАНИТЕ?

на фев 28, 13 • од

Анализата „МРТ – јавен сервис на граѓаните?“ е обид да се утврди дали и колку Македонската телевизија ги исполнува функциите на јавен радиодифузен сервис и, секако, да поттикне јавна општествена дебата за улогата и функционирањето на јавниот радиодифузен сервис во Република Македонија. НВО Инфоцентарот, во партнерство со Центарот за развој на медиуми, во периодот септември 2012 – јануари 2013 година, направи длабинска анализа на работењето на Македонската радиотелевизија (МРТ) и на нејзините телевизиски програми: МРТ1, МРТ2 и Собраниски канал...
Pin It

Home » Активности, Анализи, Важни, Публикации, Слобода за слободата на изразување » Анализа на работењето и на програмите на МРТ – ЈАВЕН СЕРВИС НА ГРАЃАНИТЕ?

Анализата „МРТ – јавен сервис на граѓаните?“ е обид да се утврди дали и колку Македонската телевизија ги исполнува функциите на јавен радиодифузен сервис и, секако, да поттикне јавна општествена дебата за улогата и функционирањето на јавниот радиодифузен сервис во Република Македонија. НВО Инфоцентарот, во партнерство со Центарот за развој на медиуми, во периодот септември 2012 – јануари 2013 година, направи длабинска анализа на работењето на Македонската радиотелевизија (МРТ) и на нејзините телевизиски програми: МРТ1, МРТ2 и Собраниски канал.

Анализата на МРТ се состои од две компоненти:анализа на правно-административната поставеност на МРТ и на внатрешните процедури и анализа на програмите на МРТ1, МРТ2 и на Собранискиот канал. Овој документ, покрај деталната анализа на работењето на МРТ и на нејзините телевизиски програми, ги содржи и клучните наоди и препораки за унапредување на функционирањето на МРТ како професионален јавен радиодифузен сервис, а содржи и краток пресек на историјатот на МРТ.

Анализата е финансиски поддржана од УСАИД и од Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ), во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско општество.

Анализа на работењето и на програмите на МРТ – ЈАВЕН СЕРВИС НА ГРАЃАНИТЕ

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top