!cid_4E4A67ED-B7D6-4644-9473-7C8A2B1E19D2

АЈДЕ! бара одговорност од виновниците за смртта на Тамара

на фев 19, 15 • од

Членовите на АЈДЕ! – Платформата за граѓанска политика, денеска, пред Министерството за здравство, со бели маски на лицата и со темна гардероба, на симболичен начин, решително и недвосмислено побараа одговорност од виновниците за смртта на деветгодишната Тамара. Симболизирајќи ја безличноста и безмилосноста на државните институции, АЈДЕ! бара оставка од министерот за здравство и го поддржува [&hellip...
Pin It

Home » Граѓанска сцена » АЈДЕ! бара одговорност од виновниците за смртта на Тамара

Членовите на АЈДЕ! – Платформата за граѓанска политика, денеска, пред Министерството за здравство, со бели маски на лицата и со темна гардероба, на симболичен начин, решително и недвосмислено побараа одговорност од виновниците за смртта на деветгодишната Тамара. Симболизирајќи ја безличноста и безмилосноста на државните институции, АЈДЕ! бара оставка од министерот за здравство и го поддржува протестот „Црвен картон за Тодоров“, закажан за 24 февруари 2015.

Деветгодишната Тамара Димовска е последна во низата жртви на несовесното и неодговорно работење на Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување. Таа ја изгуби битката со бирократијата и со алчното трчање по дневно-политички поени на оние, кои мораше и требаше да ја спасат, на оние кои имаа задача и мандат да го сторат тоа. Тие не се грижеа за нејзината здравствена состојба. Уште пострашно, тие воопшто не беа загрижени за животот на ова дете. Беа и се заинтересирани, единствено за своите политички интереси. Тие безмилосно тактизираат, калкулираат и жртвуваат човечки животи.

Министерот за здравство, Никола Тодоров, јавно вети дека Фондот за здравствено осигурување ќе го плати лекувањето на Тамара во странство. Но, тој – излажа! И за тоа треба да понесе одговорност! Неговата лага има превисока цена.Тоа беше – животот на едно дете исполнето со надеж.  Во држава во која владее правото, Министерот и кривично би одговарал за злоупотреба на овластувањата ветувајќи нешто што не смее да вети, а тоа резултирало со губење на еден живот. Она што најмалку може да го направи Тодоров е да излезе во јавност, да ги погледне во очи родителите на Тамара и да си поднесе неотповиклива оставка поради лажните ветувања и смртта на едно дете.

Но, преземањето одговорност не смее да запре само кај Министерот за здравство. Одговорност треба да понесат сите оние кои со своето постапување директно придонесоа за смртта на Тамара односно директорите на Фондот за здравство, Маја Парнарџиева – Змејкова и Џемали Мехази, заменик-претседателот на првостепената комисија, проф.др. Владимир Поповски  и  претседавачот на второстепената комисија, др. Аспазија Софијанова.

!cid_CD719FCE-3AD5-45E6-9D08-E3C8EF90EC05

 АЈДЕ! ги повикува сите граѓани во Република Македонија, да не дозволат и оваа жртва на популистичкиот режим да биде заборавена. АЈДЕ! ги повикува граѓаните гласно да ја пренесат пораката дека не смее веќе никогаш да се случи искривениот морал и политики на оваа власт да доведат до згаснување на нечиј живот.

АЈДЕ! да се бориме за нашето право на правда, вистина и слобода!

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top