EF85C54477191F49A5B99F55275A9BC0

Агенцијата за медиуми го осуди инцидентот во ТВ21 предизвикан од обезбедувањето на Груевски

на јун 18, 16 • од

Додека Агенцијата за медиуми апелира да не се попречува секојдневната работа на медиумите и медиумските работници, МВР тврди дека обезбедувањето не ги пречекорило своите овластувања...
Pin It

Home » Граѓанска сцена, Слобода за слободата на изразување » Агенцијата за медиуми го осуди инцидентот во ТВ21 предизвикан од обезбедувањето на Груевски

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) денеска го осуди инцидент во „ТВ21“, при кој обезбедувањето на поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски упадна во телевизијата и избриша снимки од мобилен телефон на новинар, направени за време на прошетката на Груевски со семејството по улица Македонија:

„Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува вчерашниот инцидент во ТВ21. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги апелира, да не се попречува секојдневната работа на медиумите и медиумските работници.“ Инцидентот се случи вчера попладне. Новинар на телевизијата го забележал поранешниот премиер како се шета со семејството и го снимил настанот со мобилен телефон. Обезбедувањето на телевизијата го забележале и веднаш упаднале во телевизијата. Тие побарале новинарот да се легитимира и да ги избрише снимките од телефонот. Еден од обезбедувањето се легитимирал како вработен во МВР. Инцидентот е забележан од безбедносните камери на ТВ 21.

Министерството за внатрешни работи, пак, демантираше дека припадниците на обезбедувањето на поранешниот премиер Никола Груевски упаднале во „ТВ21“.

Тие, како што се наведува во соопштението, дејствувале согласно планот и задачите. „Припадниците од Министерството за внатрешни работи кои се дел од Одделот за обезбедување во текот на вчерашниот ден постапуваа согласно планот и задачите. Заради оперативните сознанија кои ги имаат за потенцијални ризици службените лица легитимирале еден граѓанин кој без да се идентификува започнал да снима“, стои во демантот. Од МВР наведуваат дека обезбедувањето го замолило лицето да ги избрише снимките кои ги направил. „Според нивниот исказ тоа се случило во угостителски објект (кафуле), а не во телевизија како што беше објавено во некои медиуми“, стои во демантот и се додава дека доколку има било каква претставка против нив, Одделот за внатрешна контрола ќе постапува по истата.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top