СИТНАТА КОРУПЦИЈА НЕ Е НЕВИДЛИВА ТАА ЈА ПОВЛЕКУВА КОРУПТИВНАТА СПИРАЛА „Не потклекнувајте, не бидете дел од ланецот на корупција. Вискито за лекарот или кафето за службеникот можеби изгледаат благодарно или ситно, но тие во темел го поткопуваат општеството, ја хранат и поддржуваат крупната корупција, во сите сфери и на сите нивоа.“ НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА СИТЕ ВИДОВИ КОРУПЦИЈА. ПРИЈАВЕТЕ КОРУПЦИЈА, БОРЕТЕ СЕ ПРОТИВ НЕА! Видеото е подготвено со финансиска поддршка од Европската Унија, во рамките на проектот „Граѓанските организации и медиумите против корупцијата-Коалиција за нула толеранција“. За содржината се единствено одговорни Транспарентност Македонија и НВО Инфоцентарот
Види повеќе »Во рамките на проектот „Граѓанско набљудување на народниот правобранител“, вчера во Куманово се одржа јавниот настан „Народниот правобранител и локалната власт: Подобра соработка за поголема заштита на правата на граѓаните“. На настанот говореа народниот правобранител Иџет Мемети, градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски и заменикот народен правобранител, Насер Весели. Отворајќи ја средбата, градоначалникот Димитриевски истакна дека граѓаните имаат инфраструктурни проблеми,особено во руралните средини, но додаде дека и во Куманово се почитуваат правата на граѓаните и слободите, потсетувајќи дека во кумановскиот совет, советниците можат да користат четири јазици, македонски, албански, српски и ромски. Мемети, во однос
Види повеќе »Мониторингот на медиумите за процена на квантитетот и квалитетот на истражувачкото и аналитичкото новинарско известување се спроведува во рамките на проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи“, финансиран од Европската Унија. Целта на проектот што се реализира во периодот 2016-2019 година е да се поттикне растот на прецизното и истражувачкото новинарство во насока на подобро информирање на јавноста и заштита на јавниот интерес. Со други зборови, целта е да се поттикнат редакциите и новинарите да се посветат на подлабока и посуштинска анализа на проблемите со што ќе се издвојат квалитативно од напливот на кратки, брзи, површни
Види повеќе »Дебатата „Перспективите на истражувачкото новинарство“ која се одржи на 24 јануари 2019 година во Скопје ги вклучи сите засегнати страни кои оценија дека се потребни натамошни напори за поддршка на квалитетното новинарство. Дебатата беше завршен настан на тригодишниот проект Истражувачко новинарство за поттикнување реформи, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Центарот за граѓански комуникации, НВО Инфоцентар и БИРН. „Потребно е постојано вложување во новинарство кое го штити јавниот интерес и е коректив на властите во остварување на поставените реформски приоритети. Овој проект беше насочен кон зголемување на знаењето и вештините на македонските новинари, креирање
Види повеќе »На 4 декември 2018 година, како граѓански организации најостро ја осудивме неажурноста на институциите во спроведувањето на истрагите поврзани со утврдување на пропустите и одговорноста за бегството на поранешниот премиер, Никола Груевски. Побаравме истрагите итно да завршат најавувајќи дека, доколку тоа не се случи, ќе побараме политичка одговорност на највисоките функционери. Во меѓувреме, Основното јавно обвинителство најави дека предистражната постапка ќе заврши во рок од две недели и дека јавноста ќе биде информирана, што не се случи. Сметаме дека завршувањето на втор календарски месец од бегството е разумен рок за на јавноста да и’ бидат соопштени информации
Види повеќе »© 2019 НВО Инфоцентар™
Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics