Архива за 2018

  • Извештај бр.1: Мониторинг на корупцијата во Република Македонија

    на мај 22, 18 • во Анализи

    Untitled

    Транспарентност Македонија (ТМ), во соработка со НВО Инфоцентарот, го објави првиот мониторинг извештај за корупцијата во Република Македонија. Извештајот ја опфаќа состојбата со корупцијата и транспарентноста во македонското општество, во периодот јануари – април 2018 година и претставува почетна основа за континуираното набљудување во наредните три години

    Види повеќе »
  • Повик за доделување грантови на граѓански организации за борба против корупцијата

    на мај 15, 18 • во Активности

    31180229_242994356441746_6943584300713377792_n

    Транспарентност Македонија (ТМ), во соработка со НВО Инфоцентарот, во рамки на проектот „Граѓански организации и медиуми против корупцијата - Коалиција за нулта толеранција“, финансиран од Европската Унија преку програмата за поддршка на граѓанскиот сектор и слободата на медиумите 2016 - 2017, објавува повик за доделување грантови за граѓански организации (ГО), за акции поврзани со борбата против корупцијата

    Види повеќе »
  • Повик за истражувачки стории

    на мај 4, 18 • во Активности

    13173753_1156499091069574_1473759556577532280_n

    Центарот за граѓански комуникации и партнерските организации БИРН и НВО Инфоцентар објавуваат повик за истражувачки стории во рамките на ЕУ проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи “. Во рамките на овој повик најмалку четири новинари ќе бидат избрани да работат на истражувачки стории кои треба да бидат насочени на прашањето на евроатланските аспирации во контекст на демократските реформи со компаративна анализа на состојбите во земјите членки и во Македонија

    Види повеќе »
  • Надворешна граѓанска контрола врз работата на полицијата

    на апр 27, 18 • во Активности

    debata-nadvoresna-kontrola-na-policijata

    Главниот фокус на дебатата беше улогата, надлежностите и капацитетите на Народниот правобранител, во воспоставувањето и функционирањето на надворешниот механизам за граѓанска контрола врз полицијата. Во дискусијата учествуваа: Иџет Мемети, Народен правобранител; Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи; Петар Јорданоски, Совет на Европа; Гордан Калајџиев, експерт и претседател на Хелсиншкиот комитет за човекови права и Горан Лазаров, Евротинк - Центар за европски стратегии. Дебатата ќе ја модерира Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права

    Види повеќе »
  • Граѓански мониторинг на Народниот правобранител

    на апр 27, 18 • во Анализи, Публикации

    31131249_1862834600436037_4710847200434053972_n

    Народниот правобранител е најважната и клучна независна државна институција која треба да ги промовира и штити човековите права на граѓаните во Република Македонија. Имајќи го предвид ова, НВО Инфоцентарот, во соработка со Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, во рамки на проектот „Граѓанско набљудување на Народниот правобранител“, од декември 2016 година, континуирано ја набљудува работата на Народниот правобранител. Оваапубликација ги опфаќа извештаите (со мали надополнувања) објавени во периодот: декември 2016 – декември 2017 година, кои се однесуваат на: -       Измените и дополнувањата на Законот за Народен правобранител што стапија на сила во март

    Види повеќе »
  • Видео-спотови: Како да се обратите до АВМУ и АЕК?

    на апр 13, 18 • во Активности, Важни

    Untitled 1

    „Како да поднесам претставка до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ)?“ и „Како да поднесам приговор до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК)?“, се две нови едукативни видеа, изработени во рамки на проектот „Мониторинг на ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела за медиумите –PROformance Watch“. Видеата, наменети за граѓаните, се корисна алатка за обраќање до двете институции. Проектот  „Мониторинг на ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела за медиумите –PROformance Watch“ го спроведуваа Евротинк, НВО Инфоцентар, Транспарентност Македонија и Хелсиншкиот комитет за човекови права

    Види повеќе »
  • Завршен извештај од мониторингот на медиумските содржини за „десоросоизацијата“

    на апр 13, 18 • во Важни, Мониторинг на Медиуми

    sloboda 1

    НВО Инфоцентар, во периодот од март 2017 до февруари 2018 година, во континуитет ги набљудуваше и анализираше содржините објавени во медиумите посветени на темата „десоросоизација“ односно на континуираната хајка и нападите врз граѓанските организации, Фондацијата Отворено општество Македонија (FOOM), Џорџ Сорос, УСАИД, амбасадорот на САД во Реублика Македонија, Џес Бејли и др. Овој завршен извештај опфаќа текстуална анализа на содржините објавени во медиумите, како и анализа на три обраќања во јавноста на Никола Груевски, тогашен лидер на ВМРО-ДПМНЕ

    Види повеќе »
  • Завршен извештај за работата на АВМУ и АЕК

    на апр 5, 18 • во Анализи, Важни

    bb4f303cd15a05d3141c7443

    Read the Final report on the monitoring of the work of AVMS and

    Види повеќе »
  • ЗАВРШЕН НАСТАН „Презентација на мониторинг извештај за работата на АВМУ и АЕК“

    на апр 5, 18 • во Активности

    nastan

    Постои големо непознавање кај граѓаните за тоа што претставуваат двата регулатора во сферата на медиумите и на електронските комуникации и за тоа кои се нивните надлежности, но и значителна недоверба во нивната независност, односно граѓаните ги гледаат нивните раководни органи како поставени од партиите, одбележаа некои од презентерите на завршниот извештај за мониторингот на работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) и на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК)

    Види повеќе »
  • Повик за доделување грантови на граѓански организации

    на мар 15, 18 • во Граѓанска сцена

    Нов повик за доделување грантови за граѓански организации за акции поврзани со прибирање, обработка и анализа на податоци од локален, регионален или од национален интерес, за областите кои што се фокус на нивниот интерес и работење

    Види повеќе »
Scroll to top