Архива за 2018

  • Видео-спотови: Како да се обратите до АВМУ и АЕК?

    на апр 13, 18 • во Активности

    Untitled 1

    „Како да поднесам претставка до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ)?“ и „Како да поднесам приговор до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК)?“, се две нови едукативни видеа, изработени во рамки на проектот „Мониторинг на ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела за медиумите –PROformance Watch“. Видеата, наменети за граѓаните, се корисна алатка за обраќање до двете институции. Проектот  „Мониторинг на ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела за медиумите –PROformance Watch“ го спроведуваа Евротинк, НВО Инфоцентар, Транспарентност Македонија и Хелсиншкиот комитет за човекови права

    Види повеќе »
  • Завршен извештај од мониторингот на медиумските содржини за „десоросоизацијата“

    на апр 13, 18 • во Мониторинг на Медиуми

    sloboda 1

    НВО Инфоцентар, во периодот од март 2017 до февруари 2018 година, во континуитет ги набљудуваше и анализираше содржините објавени во медиумите посветени на темата „десоросоизација“ односно на континуираната хајка и нападите врз граѓанските организации, Фондацијата Отворено општество Македонија (FOOM), Џорџ Сорос, УСАИД, амбасадорот на САД во Реублика Македонија, Џес Бејли и др. Овој завршен извештај опфаќа текстуална анализа на содржините објавени во медиумите, како и анализа на три обраќања во јавноста на Никола Груевски, тогашен лидер на ВМРО-ДПМНЕ

    Види повеќе »
  • Завршен извештај за работата на АВМУ и АЕК

    на апр 5, 18 • во Анализи

    bb4f303cd15a05d3141c7443

    Евротинк – Центарот за европски стратегии, во соработка со НВО Инфоцентар, Транспарентност Македонија и Хелсиншкиот комитет за човековите права на Република Македонија, го спроведувaше проектот „Мониторинг на ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела за медиуми – PROformance Watch“. Програмата се реализираше во периодот август 2016 – март 2018 година со поддршка на Британската амбасада во Република Македонија. Прочитајте го последниот извештај од набљудувањето на работата на АВМУ и АЕК: Завршен извештај за работата на АВМУ и АЕК

    Види повеќе »
  • ЗАВРШЕН НАСТАН „Презентација на мониторинг извештај за работата на АВМУ и АЕК“

    на апр 5, 18 • во Активности

    nastan

    Постои големо непознавање кај граѓаните за тоа што претставуваат двата регулатора во сферата на медиумите и на електронските комуникации и за тоа кои се нивните надлежности, но и значителна недоверба во нивната независност, односно граѓаните ги гледаат нивните раководни органи како поставени од партиите, одбележаа некои од презентерите на завршниот извештај за мониторингот на работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) и на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК)

    Види повеќе »
  • Повик за доделување грантови на граѓански организации

    на мар 15, 18 • во Граѓанска сцена

    Нов повик за доделување грантови за граѓански организации за акции поврзани со прибирање, обработка и анализа на податоци од локален, регионален или од национален интерес, за областите кои што се фокус на нивниот интерес и работење

    Види повеќе »
  • МВР: Заврши истрагата против невладините организации

    на мар 1, 18 • во Граѓанска сцена

    д3

    Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, денеска, оствари средба со претставници на невладините организации кои беа под истрага покрената на барање на Државната комисија за спречување на корупцијата

    Види повеќе »
  • НВО Инфоцентар: Бараме кривична одговорност за нарачателите и спроведувачите на истрагите против граѓанските организации!

    на мар 1, 18 • во Активности, Важни

    д1

    Бараме надлежните институции да покренат кривични постапки спрема сите лица кои се ставија во функција на режимот на ВМРО-ДПМНЕ во процесот против критичкото граѓанско општество

    Види повеќе »
  • Презентиран петтиот квартален извештај за работата на АВМУ и АЕК

    на фев 23, 18 • во Активности, Анализи

    5

    Евротинк – Центар за европски стратегии, НВО Инфоцентар, Транспарентност Македонија и Хелсиншкиот комитет за човекови права, го презентира петтиот мониторинг извештај за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), во рамки на проектот „Мониторинг на ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела за медиумите – PROformance Watch“. На настанот, говореа Дејан Георгиевски, Извршен директор на Центар за развој на медиуми, доц. д-р Даниела Мамучевска, УКИМ – Економски Факултет – Скопје, Горан Лазаров, Проектен координатор од ЕВРОТИНК, Билјана Бејкова, Извршна директорка на НВО Инфоцентар. Модератор ќе биде Александар Колекески, Раководител за програмски развоj на ЕВРОТИНК. Горан Лазаров се осврна на работењето на АЕК. Според

    Види повеќе »
  • Десктоп календар за 2018 година

    на фев 1, 18 • во Активности, Слобода за слободата на изразување

    Kalendar NVO [ 2018 ] wall-INTRO-malo

    НВО Инфоцентарот подготви десктоп календар со месеците од 2018 година. Календарот е инспириран од стремежот за слобода и демократија во Република Македонија. Преземете го календарот Календар НВО Инфоцентар 2018  

    Види повеќе »
Scroll to top