Архива за февруари, 2015

  • МРТ да им се врати на граѓаните, а не да остане владин мегафон!

    на фев 28, 15 • во Граѓанска сцена

    ajde2

    Членовите на АЈДЕ! – Платформата за граѓанска политика, мотивирани од потребата јавно да ѝ порачаат на Македонската радиотелевизија (МРТ) дека треба да биде сервис на граѓаните, а не владин мегафон, денеска, пред зградата на МРТ, организираа протестен перформанс

    Види повеќе »
  • МРТ – јавен сервис на граѓаните, а не владин мегафон!

    на фев 27, 15 • во Граѓанска сцена

    1512105_839764109416475_1655960951167795265_o

    „АЈДЕ!” пред Македонската радиотелевизија: МРТ треба да биде јавен сервис на граѓаните, а не владин мегафон! (Сабота, 28.02.2015, пред МРТ, 12 часот) Членовите на АЈДЕ! – Платформата за граѓанска политика, мотивирани од потребата јавно да ѝ порачаат на Македонската радиотелевизија (МРТ) дека треба да биде сервис на граѓаните, а не владин мегафон, утре (сабота), на 28 февруари 2015 година, во 12 часот, ќе организираат протестен перформанс пред зграда на МРТ. На овој настан, за слободата на изразување, за слободата на медиумите, за пропагандата и за улогата на МРТ како јавен радиодифузен сервис на граѓаните, ќе

    Види повеќе »
  • Академската професија во Македонија: помеѓу криза и егзодус

    на фев 27, 15 • во Граѓанска сцена

    Untitled

    Реактор-Истражување во акција укажува на неопходноста од транспарентен процес за креирање на новиот Закон за високо образование, кој ќе обезбеди целосна вклученост и соработка на Универзитетот, студентите, професорите, граѓанското општество и стручната јавност

    Види повеќе »
  • АЈДЕ! бара одговорност од виновниците за смртта на Тамара

    на фев 19, 15 • во Граѓанска сцена

    !cid_4E4A67ED-B7D6-4644-9473-7C8A2B1E19D2

    Членовите на АЈДЕ! – Платформата за граѓанска политика, денеска, пред Министерството за здравство, со бели маски на лицата и со темна гардероба, на симболичен начин, решително и недвосмислено побараа одговорност од виновниците за смртта на деветгодишната Тамара. Симболизирајќи ја безличноста и безмилосноста на државните институции, АЈДЕ! бара оставка од министерот за здравство и го поддржува протестот „Црвен картон за Тодоров“, закажан за 24 февруари 2015. Деветгодишната Тамара Димовска е последна во низата жртви на несовесното и неодговорно работење на Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување. Таа ја изгуби битката со бирократијата и со

    Види повеќе »
  • Веќе една недела слободна автономна зона на факултетите

    на фев 18, 15 • во Граѓанска сцена

    16479136746_b2f10813b0_z

    Една недела по прогласувањето „Автономна зона“ на Филозофскиот и Филолошкиот факултет во Скопје, бојкотот на наставата се прошири низ Универзитетот „Кирил и Методиј“. Од Студентскиот пленум известуваат дека во текот вчерашниот ден бојкот на настава се случил и на Педагошка академија, Факултет за ликовна уметност, Шумарски факултет, Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер, Природно математички факултет, Земјоделски факултет и Архитектонски факултет. На Факултетот за драмски уметности, по иницијатива на студентите, уште од почетокот на прогласување на Автономната зона на Филозофскиот и Филолошкиот факултет, во знак на поддршка не се реализира настава. На

    Види повеќе »
  • Слободата на медиумите во Македонија – најлоша во Европа

    на фев 12, 15 • во Граѓанска сцена, Слобода за слободата на изразување

    Press-Freedom-2015

    Македонија останува најлошо рангирана од сите земји во Европа и регионот на Западен Балкан, и покрај напредокот од седум места на листата на Светскиот индекс на слободата на печатот наРепортери без граници. Во најновиот извештај за 2015 година, Македонија е рангирана на 117 место од 180 држави, во споредба со 123-то место во 2014 година

    Види повеќе »
  • Студентски пленум: Да бидеме реални, да го бараме невозможното

    на фев 11, 15 • во Граѓанска сцена

    10978501_10153163441101995_4883201608256412218_n

    Со отворањето на Седмиот студентски пленум, денеска на пладне, илјадници студенти прогласија „Автономна студентска зона“. Почнувајќи од Филозофскиот факултет, студентите , еден по еден ги окупираа факултетите во кампусот на Универзитетот „Кирил и Методи“ во Скопје. Студентите ги окупираат Филозофскиот, Филолошкиот, Економскиот и Правниот факултет и го ставија Универзитет под студентска контрола. Ваквата окупација ќе функционира паралелно со Универзитетот „Кирил и Методиј“, а истовремено ќе вршат притисок врз надлежните служби додека комплетно не се исполнат нивните барања за реформите во високото образование

    Види повеќе »
  • „АЈДЕ!” за случајот „Пуч“: Граѓаните имаат право на вистината!

    на фев 6, 15 • во Граѓанска сцена

    1512105_839764109416475_1655960951167795265_o

    Ние, членовите и поддржувачите на АЈДЕ! – Платформа за граѓанска политика, со големо внимание, но и со голема загриженост ги следиме настаните поврзани со случајот „Пуч“. Сметаме дека граѓаните на Република Македонија мора да ја дознаат вистината, затоа што, тоа е нивно право и од тоа зависи нашата иднината, но и иднината на нашата држава. Ние, граѓаните, едноставно и единствено, ја бараме вистината! Знаеме дека постојат организации и поединци кои ја следат ситуацијата и кои ќе застанат во заштитат на правата на граѓанките и на граѓаните. Бараме простор за нив во јавноста! Внимателно ги следиме

    Види повеќе »
  • ЦРМ ги повикува новинарите да не го запостават јавниот интерес

    на фев 4, 15 • во Граѓанска сцена

    MDC_MK

    Центарот за развој на медиуми (ЦРМ) потсетува дека новинарите не се одговорни за начинот на кој нивните извори ги добиле податоците, вклучително и податоци што произлегуваат од неовластено следење на комуникациите. ЦРМ ги повикува новинарите во известувањето за случајот „Пуч“ да не го запостават јавниот интерес

    Види повеќе »
  • МРТ – пропагандна машинерија на власта

    на фев 3, 15 • во Активности, Важни, Мониторинг на Медиуми

    mrt gray

    Македонската радиотелевизија, целосно и во континуитет, потфрла во својата улога на јавен радиодифузен сервис на граѓаните на Република Македонија. Ниту во случајот Кежаровски, ниту во случајот со штрајкот на СОНК, ниту пак, во случајот со кривичната пријава против Заев, МРТ не го застапува јавниот интерес, туку се става во функција на пропагандната машинерија на власта, и тоа како директен актер и инструмент на владината пропаганда

    Види повеќе »
Scroll to top