download (1)

Гласен текстилец: Се повеќе работници пријавуваат неисплатен К15

на јан 5, 19 • од

Се повеќе пријави до инспекоторите од работници за К – 15. Последен пример се 83 работници од штипска фирма кои веќе побарале инспекциска асистенција, зашто и по 8 месеци работа во иста фирма, газдата не им исплатил регрес...
Pin It

Home » Граѓанска сцена » Гласен текстилец: Се повеќе работници пријавуваат неисплатен К15

Се повеќе пријави до инспекоторите од работници за К – 15. Последен пример се 83 работници од штипска фирма кои веќе побарале инспекциска асистенција, зашто и по 8 месеци работа во иста фирма, газдата не им исплатил регрес.

Пред 4 месеци, фирмата се поделила на два дела. Овие работници биле префрлени во втората фирма, со што им било ускратено правото на К – 15, тврдат тие:

„Во старата фирма работевме 8 месеци, сега во оваа што ја поделија сме четири месеци. На сите што останаа во старата фирма им исплатија К -15 , а за нас нема ништо. Пријавивме во трудова инспекција и чекаме да видиме што ќе се случи“, кажа работник од Штип.

Со слична реакција , во нашата редакција се јавија и работници од Берово. Во порака до ТВ СТар, работник од Берово прашува:

„… Имам работено во фирма во Берово десетипол месеци и ја напуштив фирмата. Сите добија К-15 за нас нема. Зошто не не следува, затоа што сме напуштиле или затоа што газдите се на прво место. Пријавв во трудова инспекција во берово и чекам да преземат мерки…“

Вакви и слични поплаки има сé повеќе, а веројатно е дека овој пат непочитувањето н а законот на гарздите нема да им помине толку лесно:

„Ги знаеме сите механизми, знаеме каде и како да реагираме и веднаш по празниците ќе почнеме со работа. Најнапред ќе бараме да се утврди дали фирмите кои исплатите помал регрес од законскиот навистина работат со загуби или не, а понатаму ќе бараме да се расчистат сите неправилности. Состојбата од минатат година и годините претходноо, нема да се повтори“, категорична е Кристина Ампева, претседател на Здруж. „Гласен Текстилец“.

Инаку, според Законот сите работници кои непрекинато шест месеци работеле кај ист работодавач имаат право на К-15 кое е во висина од најмалку 9.000 денари.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top